Соопштение на Македонската Алијанса
Announcement of the Macedonian Alliance
Со оглед на тешката економска состојба на нашиот јужен сосед, претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја даде следната изјава: „Заедно со претседателството на Македонската Алијанса од САД, Канада, Австралија и Европа решивме на Грција да и понудиме заем од 2 милијарди, со цел подобрување на состојбата во економијата. Водејќи се од принципот кога на соседот му е добро и нам ни е добро решивме да им понудиме ваква помош. Се разбира, под одредени услови за кои дополнително би се договориле“. Considering the dire state of the our southern neighbor economy the President of the Macedonian Alliance Mr. George Atanasoski gave the following statement: Together with the Presidency of the Macedonian Alliance from USA, Canada, Australia and Europe we decided to offer Greece a loan of 2 billion to help it improve its economy. We believe that when your neighbor is well, you are well too. This loan will be made under certain conditions which will be negotiated when talks start with the Greek govt.
Време: Бунева ќе ги смирува Македонија и Бугарија
Делото на Мара Бунева треба да ги смири Македонија и Бугарија, а не, како досега, да биде предмет на разединување. Во земјава има многу контроверзни ликови, а Бунева е најмалку контроверзната личност. Тоа го велат почитувачите на ликот и на делото на Бунева, кои вчера во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, по повод годишнината од нејзиното загинување, одржаа панихида. На панихидата не се случија никакви инциденти, што беше вообичаен декор во изминатите години. ...Повеќе
Време: Албанчињата мора да учат македонски
Министерот за образование Никола Тодоров нема намера да ја повлече одлуката од второто полугодие учениците од другите етнички заедници да го изучуваат македонскиот јазик од прво одделение, а не од четврто како досега. Тој вчера беше категоричен дека нема да им подлегне на притисоците од Албанците, наспроти најавите за бојкот на наставата по македонски јазик. - За мене, како министер за образование и наука, е непоимливо и по малку неодговорно од тие што на локално ниво треба да го раководат образованието да повикуваат на бојкот на образовниот процес. ...Повеќе
Нова Македонија: Изминатата и идната година
Како и сите години, 2009 година претставуваше предизвик, барем поради глобалната финансиска криза. Но истовремено донесе и ветувања од кои најголемо беше укинувањето на визниот режим за Македонците. Тоа е нешто за што треба да се биде благодарен. Македонците сега можат да патуваат многу полесно, барем низ Европа. Додека патувате, размислете за ова - погледнете ги вашите европски пријатели и учете од нив. ...Повеќе
Утрински: Се помалку туристи во Македонија
Бројот на туристи во ноември 2009 година во однос на ноември 2008 е намален за 9,3 проценти, а на ноќевањата за 2,4 отсто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Според нив, во ноември лани во Македонија имало 28.191 турист, со вкупно 63.648 ноќевања. Бројот на домашните туристи во истиот период е намален за 9,8 отсто, а на странските за 8,8 проценти. ...Повеќе
Дневник: Нова спомен-плоча за Мара Бунева
Поддржувачите на ликот и делото на Мара Бунева вчера поставија нова, импровизирана спомен-плоча на Кејот на Вардар во Скопје, одбележувајќи ја годишнината од нејзината смрт. Тие годинава првпат направија јасна дистинкција меѓу, како што рекоа, македонските Бугари и Македонците и побараа овој ден, на извесен начин, да претставува и ден на помирување меѓу Македонија и Бугарија. ...Повеќе
Дневник: Грција ја лаже ЕУ
Брисел и европските финансиски пазари изразија голема недоверба кон Атина поради претставените неточни статистички податоци за буџетскиот дефицит и државен долг. Европската комисија најверојатно ќе почне процедура за наметнување правни санкции против Грција, пишува „Катимерини“. ...Повеќе



