ќ Телевизија Сонце

15.03.2010 14:00 (ТВ СОНЦЕ)

Скандалозни изјави на бугарскиот пратеник Јане Јанев

15.03.2010 11:00 (Нова Македонија)

Подадената рака - завршува во стисок или без прсти

Историјата на регионалното „добрососедство“ со Бугарија, во кое Македонија неретко ја плаќала подебелата сметка, бара здрава дестилација за да се спечали новата доверба, покажува дури и современата практика наспроти декларираната политичка подготвеност да се прифати „подадената рака“. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Макфакс)

Грција лута што Фуле го употребува уставното име на Македонија

Комесарот Штефан Фуле во своите настапи да се придржува до употребата на привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас. Друцас реагира што Комесарот за проширување, Штефан Фуле, во своите настапи го употребува уставното име на Македонија. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Дневник)

Советот на Европа ги охрабри Македонците во Грција

Здружението на децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија ја поздрави резолуцијата на Советот на Европа како поддршка и охрабрување на долгогодишните активности за укинување на дискриминацијата на грчките власти против Македонците по потекло од Грција. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Дневник)

Советот на Европа ги охрабри Македонците во Грција

Здружението на децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија ја поздрави резолуцијата на Советот на Европа како поддршка и охрабрување на долгогодишните активности за укинување на дискриминацијата на грчките власти против Македонците по потекло од Грција. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Вечер)

Во Советот на Европа за заштита на малцинствата:
Македонија : Грција = 1 : 0

Јужниот сосед е остро критикуван во извештајот дека треба да ги признае македонското малцинство, јазикот, да ги врати имотите на децата бегалци, но и да дозволи формирање на невладини организации на Македонците. Останатите земји-членки не им прифатиле ниту еден од поднесените 15 амандмани, со кои Грците сакале да си ја тргнат вината од себе. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Вест)

Не ни пречи зголемен интерес на ЕУ за името

Ма ке до ни ја нема ништо против зголемениот интерес на Европската унија во спорот за името, ја коментираше вчера министерот за надворешни работи Антонио Ми ло шо ски најавата за средба на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со пос ред ни кот во спорот Метју Нимиц. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Дневник)

Се пребројуваме на пописот во САД

Овозможено ни е во рамките на графата „друга раса“ да напишеме дека сме Македонци, при што овој податок нема да биде официјален, туку ќе служи за наши потреби, вели Методија Коловски, претседател на Обединета македонска дијаспора. ...Повеќе

15.03.2010 11:00 (Дневник)

За бугарските возила амнестија до септември

Возилата со странски таблички со Евро 1-стандард, постари од 16 години, мора да се легализираат во рок од шест месеци. Владата очекува меѓу 10 и 20 милиони евра за една година да влезат во буџетот од регистрацијата на увезени возила. ...Повеќе

13.03.2010 12:00 (Канал5)

Грција не сака го да признае македонскиот јазик оти е сличен на бугарскиот

Македонскиот јазик е словенски и е сличен на бугарскиот, не може да го прифатиме македонскиот народ оти и ние се чувствуваме како Македонци. Вакви биле реакциите на грчката страна за време на заседавањето на Советот на Европa. Групата грчки пратеници предводена од Дора Бакојани негодувале за усвоената резолуција со која се бара признавање на македонскиот јазик, народот и малцинството во Грција. Идентично ова резолуцијата го бара и од Бугарија – земјата да го признае македонското малцинство како посебен народ. ...Повеќе

13.03.2010 12:00 (Focus)

Проф. Божидар Димитров, министер без ресор, задолжен за Бугарите во странство

Божидар Димитров: Добър ден. Да, но веднага бих искал да кажа, че с българи в беда в чужбина се занимава външно министерство. Министърът без портфейл се занимава с укрепване на националната идентичност на българите в чужбина и донякъде с тяхното гражданство. Знаете, че подготвяме серия от закони, а също помагаме на техните училища и църкви. Но затова са посолствата и консулските отдели, за да се гризат за българи, изпаднали в беда. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (New York Times)

Bulgars In Macedonia

Testimony of Another Witness with the Allied Armies ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Global Voices)

The Balkans: Byzantine Nostalgia

Similar to Yugo-nostalgia, the nostalgia for the common Byzantine past can sometimes transcend some of the barriers erected through modern nationalism and racism in the Balkans. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Време)

„Северниот“ јазик само јужна фантазија

Македонскиот државен врв не е подготвен да прифати во пакетот преговори за името кои се однесуваат за јазикот тој да биде именуван како „северномакедонски“, како што објавија грчките весници по средбата меѓу Јоргос Папандреу и американскиот претседател Барак Обама. Извори во македонската влада тврдат дека за Македонија суштински дел во преговорите се токму прашањата поврзани со јазикот и со нацијата и дека во такви услови е лудост да се прифати нешто што веќе е нагласено како наша црвена линија во преговорите. Оттаму уште велат дека предлогот „Република Северна Македонија“ веќе една година се споменува низ разговорите на посредникот Метју Нимиц со македонскиот и со грчкиот државен врв, како и со претставници на САД, но тоа воопшто не значи дека тој е официјален и дека Македонија се согласила со такво решение. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Вечер)

Грција да постапи по одлуките на Судот за човекови права

Советот на Европа усвои резолуција за состојбата со малцинствата, во којашто од Грција се бара да ја ратификува Повелбата за заштита на национални малцинства, да работи на враќање на имотите и да постапи по одлуките на Евроспкиот суд за човекови права во Стразбур. Со една од одлуките на Европскиот суд се бара регистрација на невладината Дом на македонска цивилизација, но Грција едноставно ја игнорира пресудата. Во целиот извештај се користи терминот македонски без додавки. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

Заробеници на интелектуалниот супстандард

Не е проблемот во неукиот народ, во луѓето со влакна во носот, туку напротив, во општествената елита со лакирани чевли и салонски манири, која се вгнезди во политиката, образованието, здравството, судството. На овие господа не им се излегува од дувлото на отворено. Но евалуација ќе има. За секој од нив. И не само на избори. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

Во Струмица и во Врапчиште првачињата без мака учат македонски

Сите првоодделенци-Турци во Струмица го учат државниот јазик, родителите не даваат никаков отпор, информираат во општината. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

И „Комитското“ било политичка нарачка

Креирањето историска вистина преку фолклорот се практикувало и во социјализмот. Кореографијата за „Комитското“ е создадена во 1950 година по нарачка на тогашната владејачка партија и има силна симболична улога во однос на прашањето - со која битка Македонците извојуваа држава. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Шпиц)

Нема македонска десница без Љубе и Љубчо

Поранешниот полициски генерал мајор Стојанче Ангелов, специјално за „Шпиц“, на ден пред новото Генерално собрание на невладината „Достоинство“, ги предочува притисоците кои се вршат врз дел од бранителите кои во 2001 година гинеа за државата, ги коментира најавите за окрупнување на десницата и зборува за можноста „Достоинство“ да се појави како политички фактор во Македонија. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Време)

Корените како постојана инспирација

Музичарот Васил Хаџиманов, син на познатите уметници Сенка и Зафир, деновиве престојуваше во земјава. Тој низ Европа имаше неколку настапи со „Баце квартет“, со кој го промовираат албумот „Без прозор“. Во рамките на оваа турнеја имаа концерти низ Франција, Австрија, Хрватска, а во неа се најде и Кавадарци, кој е роден град на татко му Зафир. Со него разговаравме при краткиот престој во Скопје. Тој ни раскажа за настапите со „Баце квартет“, за неговиот „Васил Хаџиманов бенд“ и за чувството кога настапува во родната земја на татко му и на дедо му. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Вест)

67 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка

Комеморативна седница, по повод 67 години од холокаустот врз македонските Евреи и депортацијата во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, вчера одржа Градот Скопје. "Секој 11 март, со болка во душата се сеќаваме на тој мрачен ден, кога над 7.000 Евреи, наши сограѓани, заминаа во Треблинка, и никогаш не се вратија во нивното Скопје. И денес, кога се навршуваат 67 години од депортацијата, скопјани не можат да ги заборават нивните вредни соседи и еснафи", изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Американци ќе јадат „пекорино“ од Битола

ИМБ вчера извозе 40 тони од деликатесното сирење „пекорино“ во САД. Станува збор за реализација на дел од годишната испорака во САД, прецизирана во договорот со странскиот партнер. Од ИМБ најавуваат интензивирање на извозот. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Последен број на магазинот „Сега“

По издадени 43 броја, магазинот „Сега“ престанува да излегува и од идната недела дел од неговите содржини преминуваат како додаток во викенд-бројот на весникот „Шпиц“. И покрај тоа што во минатиот број Героски во својот текст напиша дека магазинот прави тиражи, сепак, издавачот „Плус продукција“ не се согласил дека овој проект е финансиски оправдан и дека може да опстои на пазарот. Главниот уредник Героски потврди дека единствена причина за згаснувањето на магазинот е од финансиска природа и дека во овој случај нема политичка позадина. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Бугарија бара „европска пресуда“ за Спаска Митрова

Нетранспарентен судски процес - тоа е реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи на завршницата на процесот против македонската државјанка со бугарски пасош Спаска Митрова, на која судот во Гевгелија во средата и' го одзеде родителското право врз тригодишната ќерка, во корист на таткото Воислав Савиќ. Митрова е задолжена да плаќа и алиментација за ќерката во висина од 40 евра, а се' уште не е одлучено начинот на која Спаска ќе контактира со детето. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Берлин ни го скрати рокот за името

Македонија го пропушти рокот да добие датум на мартовскиот самит на ЕУ и, што е поважно, на пат е да го пропушти и јунскиот, бидејки место очекуваните три месеци за решавање на спорот, влегува во цајтнот. Причина за тоа е новата германска политика сите одлуки околу проширувањето, пред да се донесат, да ги одобри Бундестагот, што значи дека решението за спорот мора да дојде во текот на идниот месец или најдоцна во почетокот на мај, ако сакаме во јуни Македонија воопшто да биде тема за расправа на Советот на ЕУ. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Почна увозот на возила со пониски акцизи

Акцизите за увоз на половни и нови возила од вчера се пресметуваат според новиот модел, односно според цената на автомобилот. Новиот Закон за акцизите вчера и официјално стапи во сила, со што е напуштено досегашното пресметување на оваа давачка според зафатнината на моторот. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Стереотипна слика од 15 долари

Сликата за дијаспората кај мнозинството граѓани е комедија, но, за среќа, таа е само стереотип, а она што сега ни треба и на Македонија и на Македонците што живеат во светот е министерство за дијаспора. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Рамниот данок не е толку рамен

Владата не е искрена со странските инвеститори. Рамниот данок не е толку рамен, а на терен се појавуваат и други скриени давачки. Вакви впечатоци за Македонија имаат турските компании, чии искуства ги пренесе амбасадорот на Турција, Арслан Хакан Окчал, при неговата вчерашна посета на универзитетот ФОН. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Скопје аргументира, Софија протестира за Спаска

Бугарското министерство за надворешни работи вчера му искажало остар протест на македонскиот амбасадорот во Бугарија, Александар Василевски, за одлуката на Судот во Гевгелија за случајот на Спаска Митрова. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Владата ги замолчи бизнисмените

Претставниците на стопанските комори и менаџерите на неколку компании што „Дневник“ ги контактираше одбиваа да одговорат на прашањето колку им должат државните институции, плашејќи се од реваншизам. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Дневник)

Друцас: Нема предлог од САД

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас ги демантира информациите на некои од грчките медиуми дека САД му предложиле на премиерот Јоргос Папандреу решение за името за кое Атина ќе треба да размисли и да се изјасни. ...Повеќе

13.03.2010 10:00 (Parliamentary Assembly)

Minority protection in Europe: best practices and deficiencies in implementation of common standards

Ensuring that minorities are treated fairly has been one of the Council of Europe’s key priorities, and it was hoped that its two pioneering treaties in this field, the Framework Convention for the Protection of National Minorities and the European Charter for Regional or Minority Languages, would quickly become universally accepted standards throughout Europe. ...Повеќе

 

































































































































































































































frontpage hit counter