Соопштение на Македонската Алијанса
Announcement of the Macedonian Alliance
Со оглед на тешката економска состојба на нашиот јужен сосед, претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја даде следната изјава: „Заедно со претседателството на Македонската Алијанса од САД, Канада, Австралија и Европа решивме на Грција да и понудиме заем од 2 милијарди, со цел подобрување на состојбата во економијата. Водејќи се од принципот кога на соседот му е добро и нам ни е добро решивме да им понудиме ваква помош. Се разбира, под одредени услови за кои дополнително би се договориле“.
Considering the dire state of the our southern neighbor economy the President of the Macedonian Alliance Mr. George Atanasoski gave the following statement: Together with the Presidency of the Macedonian Alliance from USA, Canada, Australia and Europe we decided to offer Greece a loan of 2 billion to help it improve its economy. We believe that when your neighbor is well, you are well too. This loan will be made under certain conditions which will be negotiated when talks start with the Greek govt.
Дневник: Желев: Името е свето право
Денес кога македонската држава е призната под уставното име од 127 земји, меѓу кои и од Русија, САД, Кина и од Велика Британија, „срамно е да се прават опструкции Македонија да го користи уставното име“, истакна вчера Жељу Желев, поранешен претседател на Бугарија, кој беше одликуван со македонски орден. ...Повеќе
Нова Македонија: Партиските списоци на кодоши - нелегални
Законите предвидуваат казни за сите што во приватни архиви кријат документи што можат да помогнат во процесот на лустрација, како и за службените лица што ќе објават имиња на евентуални соработници на тајните служби ...Повеќе
Утрински: За Милошоски развојот е поважен од историјата
Секогаш ќе има политичари кои ќе се одржуваат политички со злоупотреба на историјата, смета Милошоски „Кога говориме за односите со Бугарија, долгорочно имаме многу добра перспектива“, порача вчера шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, одговарајќи на прашањето дали Македонија може да смета на безрезервна поддршка од Бугарија, што не беше случај досега. ...Повеќе
Нова Македонија: Побрзо во Бутел отколку во пензионерски дом
Идејата за фазно решавање на прашањето за името што ја предложи лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за Грција е целосно неприфатлива, смета премиерот Никола Груевски ...Повеќе
Нова Македонија: Милошоски: Грција има морален дефицит
Надворешната политика е прилично усогласена на ниво на Владата, на Министерството за надворешни работи и на претседателот на државата, вели министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на забелешките дека надворешната политика паднала во сенка на премиерот Никола Груевски ...Повеќе
Време: Никој не дава пари за Бигорски
Од потребните пет милиони евра за обнова на опожарениот манастир Свети Јован Бигорски, досега се собрани скромни 300 илјади евра, но сепак се очекува обновата да почне за два месеци.- Засега се собрани само 300 илјади евра. Овој период околку празниците донациите целосно замреа, па затоа сега очекуваме некакво раздвижување. Наскоро очекуваме да ги добиеме конзерваторските проекти, кој ги изработи Националниот конзерваторски центар, по што ќе почнеме со обновата - ни изјави отец Доситеј, задолжен за донациите за манастирот. ...Повеќе
Време: НАТО се мурти на штедењето за АРМ
Челниците на НАТО ја предупредиле Македонија дека е недозволиво земја што има цел да стане членка на алијансата постојано да го намалува буџетот наменет за одбраната, дознава „Време“ од армиски извори. Во непосредните контакти со претставници на АРМ и на Министерството за одбрана, функционери на НАТО изразиле стравување дека постојаното штедење на сметка на армијата ќе ги загрози реформите и напорите за нејзина модернизација. Најголем страв за НАТО е дека стегањето на ременот за војската може да се одрази врз мисиите на АРМ во кризните жаришта. ...Повеќе
Дневник: Од давачка плачка
Воведените нови обврски речиси го анулираат ефектот од намалените придонеси за плата и за персонален данок на доход, како и ДДВ за некои производи. Кога ја рекламира земјава како даночен рај, Владата троши милиони евра, но кога воведува нови давачки, тоа го прави тивко. Една од новите давачки е за потврдата за движење на сметката, која од неодамна ја плаќаат компаниите при пријава на Данокот на додадена вредност, и тоа од 50 до 380 денари за секоја жиро-сметка, независно дали станува збор за денарско или за девизно конто. Секоја банка различно ја наплаќа новата давачка. Во една банка таа чини 150, во друга 200 денари, а во некои банки се движи и над 350 денари. ...Повеќе
Време: Александар дојде!
Три камиони со делови од големата бронзена скулптура на македонскиот цар Александар Македонски пристигнаа вчера на македонската царина и се наоѓаат на терминалите во скопската населба Маџари, дознава „Време“. Според нашите извори, деловите од скулптурата ќе останат на терминалот до понеделник, од каде што потоа ќе бидат префрлени во леарницата на поранешниот „Металски завод - Тито“, каде што треба да бидат составени. Нашите извори не можеа да потврдат кои делови се стигнати, но велат дека станува збор за „нешто огромно“. Друг извор вели дека во еден од деловите е статуата на самиот Александар, но не можеше да потврди дали е пристигнат комплетниот споменик. ...Повеќе



