18.03.2010 10:00 (ОМО "ИЛИНДЕН" - ПИРИН)
Позиција на ОМО Илинден-ПИРИН во врска со предлог-договорот меѓу Бугарија и Македонија
18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Грците не потекнуваат од Грци
„Сегашните Грци не се ништо друго освен мешавина од племиња, кои периодично преминувале во земјата како агресори или како бегалци и емигранти“, пишува денеска во својот напис германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Грците не потекнуваат од Грци“, смета германскиот новинар Андреас Килб. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Пишман пријателство на Софија
Договорот за пријателство што ни го нуди Софија не е прв предложен на релација Македонија и Бугарија, тврдат дипломатски извори, посочувајќи дека од 2000 до 2003 година нашата држава нудела таков документ, но тогашната бугарска влада го одбила како „реликт на минатото“. Она што тогаш не било прифатливо за Иван Костов сега го промовира како бугарска иницијатива Бојко Борисов, но разликата е голема, бидејки тогашниот договор бил правен по меѓународен терк, а овој сега според бугарски. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Македонија ја потопи Грција
Македонија ја слави првата победа на своите ватерполисти во дебитантскиот настап во Светската лига, и тоа против Грција од 7:6, по четвртини 2:2, 2:1, 2:0, 1:3, во петтото коло од групата Б. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Македонија дoби 4 месеци за одговор
Најдоцна до 9 јуни годинава Македонија треба да одговори во Хаг на контрааргументите на Грција околу тужбата за кршење на одредбите на Привремената билатерална спогодба од 1995 година и блокирањето покана за членство во НАТО во Букурешт. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Дневник)
Македонците се болната реалност на Атина
Ограничувањето на обемот на заштита на малцинствата преку непризнавање малцинства е еден од најакутните проблеми, а ситуацијата со Македонците во Грција е еден од најилустративните случаи, вели Цилевич за „Дневник“. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Дневник)
Проблеми со бугарските таблички
Никој не знае дали автомобилите со странски таблички што се возат во земјава треба да се изнесат од државава, а потоа да се увезат за царинска постапка. ...Повеќе
18.03.2010 10:00 (Дневник)
Минатото го блокира Балканот
Историското ривалство ги попречува заедничките стремежи на земјите од западниот Балкан да и' се приклучат на Европската Унија, наспроти економскиот и политички напредок во изминатата деценија, смета Ројтерс во анализа. ...Повеќе
17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)
Грција изгради музеј за Александар со пари од ЕУ
Европската Унија и одобрила на Грција 14 милиони евра за изградба на новиот музеј во Пела, кој грчката влада го рекламира преку видео на кое се гледа бистата на Александар Македонски и се истакнува дека Пела е центар на античката култура. ...Повеќе
17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)
Ќе ни даде ли ЕУ 4,5 милиони евра за Александар?
Атина со византиска препреденост пресметала оти во време на економска криза, народот најдобро може да се нахрани со зајакнување на националното чувство. Црвената панделка пред портата на музејот во Пела зад која се наоѓа бистата на Александар Велики треба да се пресече токму сега, во време на кризата. ...Повеќе
17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)
Грција меѓу петте најголеми купувачи на оружје во светот
Грција е меѓу првите пет земји во светот со највисоки трошоци за набавка на оружје во изминативе пет години, покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот институт за проучување на мирот (СИПРИ). ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (guardian)
Being Macedonian
As one of the 9,000 or so Macedonians living in England, I have long been aware of the contrast between the unselfconscious patriotism that is the norm in Macedonia, and the awkward evasion that accompanies the national identity question in England. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Нимиц далеку од нов предлог за името
Македонија и Грција се' уште се далеку од нов предлог за името, изјави вчера Димитрис Друцас, алтернативен министер за надворешни работи. Тој, сепак, е оптимист дека дека наскоро може да се дојде до решение. „ Не можам да предвидам каков било предлог што би го дал Нимиц и се' уште сме далеку од тоа да даде некаков предлог. Но, грчката позиција е позната и јасна. Мислам дека се' повеќе и повеќе се покажува симпатија за оваа позиција“, изјави за Радио Флеш, Димитрис Друцас. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Хелсиншки ја обвини МПЦ дека шири омраза
Синодот на МПЦ–ОА ги нарушува човековите права на одредени групи граѓани и ја зголемува стигмата кон нив присутна во општеството и спротивно на основното учење кое го проповеда оваа институција, шири омраза и ја презема улогата на судија. Вака гласи реакцијата на Хелсиншки комитет на соопштението на МПЦ–ОА во кое таа дава коментар за Законот за спречување и заштита од дискриминација. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Инвеститорите кренаа раце од Македонија
Скромни 180 милиони евра странски инвестиции лани влегле во Македонија, објави вчера Народна банка на Македонија. Во споредба со 2008 година, нивото на странски инвестиции е преполовено, кога биле регистрирани вкупно 399 милиони евра. Оваа бројка, иако и тогаш не беше многу за фалење, за лани е научна фантастика. Според влезот на СДИ, најдобра година за земјава е 2007, бидејќи тогаш нивото на странски инвестиции изнесувало 506 милиони евра. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)
Преспа се полни од сите страни со вода
„Во Преспа надојде вода колку да се наполни цело Дојранско Езеро. Толку вода немало од 1963 година“. Преспанци со задоволство констатираат дека поројните дождови, наглото топење на снегот и излевањето на водотеците во последните два месеца нивото на езерото се зголемило за околу 1,3 метар. Доколку ваквата хидролошка состојба продолжи и натаму, претпоставка е дека кон крајот на мај водостојот на Преспанското Езеро би требало да биде повисок за 2,5 метри. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Дневник)
Непристоен предлог од Софија
Проблематични се најмалку шест члена од договорот за добрососедство предложен од Бугарија до кој ексклузивно дојде „Дневник“ Бугарија се поставува во позиција на „поголем брат“ во договорот за пријателство и добрососедство што официјална Софија и' го понудила на Република Македонија. Познавачи на односите помеѓу двете земји вака ја коментираат англиската верзија на предложениот документ до која ексклузивно дојде „Дневник“. Немаме информација дали постојат и верзии и на „официјалните јазици“ на двете држави на кои треба да се потпише договорот. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Дневник)
Половните возила заглавија на царина
На царинските терминали вриеше од нервозни увозници, кои со документите во рака одеа од шалтер на шалтер за да ги царинат половните возила. Преовладуваат возилата „опел корса“, „рено твинго“, „цитроен ксантија“, произведени во 1996 година, со цена од 300 до 1.200 евра и поминати до 300.000 километри. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Дневник)
Македонските аниматори станаа бренд
Авторите на анимирани филмови велат дека како никогаш досега забележуваат подем во полето на анимираниот филм и бараат поддршка за понатамошен развој Анимираните филмови се скапи и макотрпни за изработка, бараат сериозен тим и средства што ретко се добиваат од Филмскиот фонд, велат аниматорите. И покрај тоа, луѓето што се директно инволвирани во создавањето на 3Д-анимациите подвлекуваат дека во последните години во нашата земја има подем на ова поле, односно станувавме препознатливи меѓу аниматорите во светот. ...Повеќе
17.03.2010 10:00 (Дневник)
Б-комплекс
Добрите соседи си одат на кафе, може заедно да одат и на одмор (некогаш беше така), може и да се караат за тоа каде моча кучето, но ако некој се обиде да ѕирне во тенџерето на другиот, е тогаш пука филмот! Тогаш веќе нема добрососедски односи: никој не сака да му се мешаат во манџата. Овој принцип е неприкосновен. ...Повеќе
16.03.2010 15:00 (Нова Македонија)
Македонската заедница во Австралија незадоволна од Синодот
Македонската заедница и верниците во Австралија не се задоволни од одлуката на последната сеница на Светиот синод на МПЦ, кој оцени дека нема ништо спорно во договорот за привремено отстапување на црковните хотели „Изгрев“ и „Бисер“ на Мајкл Тема, македонскиот иселеник од Австралија. ...Повеќе
16.03.2010 15:00 (Нова Македонија)
Грција заштитува вино, алва, пченица...
Познатиот грчки универзитетски професор Аристотел Цампирис во анализа посветена на спорот за името пишува дека „прашањето за името има економска димензија и ја вклучува заштитната марка на повеќе грчки производи што го вклучуваат терминот Македонија (како македонското вино или македонската алва). ...Повеќе
16.03.2010 15:00 (Нова Македонија)
Сакаат сé македонско да се повлече
Ако го прифатиме грчкото барање ерга омнес, ќе мораме не само виното туку и сé што се произведува во оваа земја да прекрстиме...
Грчката амбасада во Берлин побара од германските супермаркети да го повлечат од продажба македонското вино, затоа што само Грција смеела географски да го користи ова име за означување на потеклото на виното.
...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Време)
Ран под истрага за навреда на Македонците
Премиерот на Јужна Австралија Мајкл Ран, кој јавно го обвини македонскиот државен врв за кражба на грчката историја и култура, се најде под истрага на австралискиот комитет за човекови права. Истрагата ја иницира австралиско-македонскиот комитет, откако Ран за македонско-грчкиот спор за името изјави дека претседателот Ѓорге Иванов на опасен начин поттикнува проблеми и се обидува да ги украде грчката историја и култура. Веднаш по избивањето на скандалот македонските здруженија побараа Ран да ја објасни својата изјава, но откако не одговори на нивните барања, поведоа постапка пред Комитетот за човекови права. ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Вечер)
Цукалис: Помлада Македонија -
можно решение за името ?!!!!
Нова Македонија или Помлада Македонија се можни решенија за надминување на спорот со името, изјавил грчкиот дипломат Лукас Цукалис во интервјуто за чешкиот весник "Хосподарске новини". Цукалис, кој е претседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика и е специјален советник на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во интервјуто вели дека не очекува какава било промена во грчките позиции за главните прашања, но дека, според него се наѕира можен компромис во спорот за името меѓу Македонија и Грција. - Можеме да се договориме за некое име од типот Нова Македонија или Помлада Македонија, изјави Цукалис во интервјуто за "Хосподарске новини". ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Вечер)
Спорот со Грција најголема пречка
Тетово - Амбасадорот Ален Бергант, зборувајќи за искуствата на Словенија од приемот во ЕУ, рече дека најголем страв на граѓаните во тој процес бил дека ќе го изгубат идентитетот и јазикот, што се покажале, на крајот, како погрешни. „Напротив, по зачленувањето во Унијата, се' повеќе жители на соседните земји го учат нашиот јазик“, рече Бергант. Според него, Македонија треба поактивно да лобира, да води конзистентна политика и да соработува со други држави, како што е Исланд, која претендира, исто така, за членство во Унијата. ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Утрински Весник)
Атина лута на Штефан Филе
Официјална Атина му e лута на еврокомесарот Штефан Филе, бидејќи го користи уставното име на земјава во јавни настапи. Реакцијата стаса од алтернативниот министер Димитрис Друцас. ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Утрински Весник)
Кирилов ќе се жали кај Филе за Митрова
Европратеникот од Бугарија Евгени Кирилов утре ќе им предложи на сите бугарски европратеници да побараат средба со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле за да му го презентираат случајот со Спаска Митрова, гевгеличанка со бугарски пасош, пренесува софиска новинска агенција „Фокус“. ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Дневник)
Борисов ни го реформира судството
Бугарскиот премиер вели дека македонското судство не е усогласено со европските стандарди, а европратеникот Кирилов ќе бара средба со Фуле за случајот со Спаска Митрова Бугарскиот премиер Бојко Борисов го критикува судството во Македонија по пресудата за Спаска Митрова со која старателските права врз детето ги доби таткото. ...Повеќе
16.03.2010 11:00 (Време)
Уривањето на браните најопасно за Скопје
Скопје доби план за заштита и за спасување од природни непогоди, во прв ред од поплави, пожари и од земјотреси. Документот, кој Градот досега го немал подготвено, а е обврска од Законот за заштита и за спасување, го изработи секторот за општи работи на Град Скопје. Во него, метрополата се оценува со висок степен на загрозеност од елементарни непогоди поради нејзината географска положба и природните карактеристики. Најголема опасност од поплавување на Скопје, според планот, се очекува во случај да се урне некоја од двете брани, „Матка“ или „Козјак“, но и ако се појават обилни врнежи. ...Повеќе





