ќ Телевизија Сонце

20.03.2010 11:00 (Утрински Весник)

Александар Македонски би паднал на референдум

Кога би се одржал референдум за објектите предвидени со проектот „Скопје 2014“, само три од нив би го поминале плебисцитарниот тест. Меѓу нив не се црквата на плоштадот и споменикот на Александар, околу кои се крена најголема врева во јавноста. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Утрински Весник)

Остров во Грција

Големите и престижни лондонски агенции за недвижен имот веднаш ја разгледаа можноста за продажба на грчките острови, за кои се сигурни дека некој од купувачите нема да биде проколнат. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (DEUTCHE WELLE)

Браќата Миладиновци - два века потоа

Годинава се навршуваат два века од раѓањето на Димитар Миладинов. Тој и брат му Константин, заедно со Прличев, се најпознатите македонски преродбеници од 19 век. Науката и натаму бара факти за нивното творешетво. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Дневник)

ДИК кани, ОБСЕ брка новинари

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во „копродукција“ со Државната изборна комисија вчера беа непосредни иницијатори на настан без преседан во нејзиното речиси дведецинско присуство во Македонија. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Дневник)

Неподготвени за гласање на дијаспората

Македонија не е подготвена да организира гласање на дијаспората, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, на работилницата посветена на искуствата од учеството на дијаспората што ја организираше ОБСЕ. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Дневник)

Битола пак ќе ја слави Ксантика

Битола и годинава ќе го слави старомакедонскиот празник Ксантика, кого античките Македонци го одбележувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината и бил синоним за македонскиот идентитет. Празникот се славел пред повеќе од 2.000 години, а стариот обичај во Битола се обнови пред две години, кога низ Широк сокак продефилираа млади момчиња во униформи на Македонската фаланга, со штитови со шеснаесеткракото сонце, копја и факели. Тогаш организацијата беше на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а годинава на невладината организација Сариса од Битола. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Дневник)

Рудниците со рекорден ископ

Зголемениот ископ е резултат на зголемената цена на металите на светскиот пазар. Неодамнешните податоци за пад во индустриското производство не го засегаат рударството, изјави Николчо Николаев од Македонската асоцијација на рударство. ...Повеќе

20.03.2010 11:00 (Дневник)

Живееме во различни светови

Сосема различни позиции имаат Македонците и Албанците за сите актуелни меѓуетнички прашања. Шокантни 93 отсто од Албанците не ја одобруваат политиката на премиерот во оваа сфера. ...Повеќе

19.03.2010 13:00 (Нова Македонија)

Не можат само Грците да имаат македонско вино

Дилемата е дали отсега, па натаму, Грците ќе имаат ексклузивно право како македонско да го продаваат виното (и сé друго што под тоа име заштитиле) и дали ние ќе имавме такво ексклузивно право ако се сетевме на заштитата пред јужниот сосед? Значи, дали принципот „кој прв ќе стигне до шалтерот“ е своевиден Тројански коњ, односно замка со која го губиме името Македонија, а нашите соседи добиваат ексклузивно право на негово користење? ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (ТВ СОНЦЕ)

Играорна група "Солунчани" во Скопје на 27.02.1010



19.03.2010 10:00 (EUObserver)

Macedonia: the black hole in Europe's airline routes

Macedonians hope to one day become members of the European Union but as things stand they do not have enough affordable flights to its member states or to some other Balkan destinations. The former Yugoslav republic lacks a national air carrier and its 2.1 million population is too small a market to lure international airlines, which have also been discouraged by the high fees charged by the country's two commercial airports. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Macedonia Daily)

GREECE SPENDS 14 MILLION OF EU FUNDS FOR MUSEUM, WHERE WAS THE EU?

The European Union had last year approved 14 million euros of their funds to the Greek Government for building a museum dedicated to Alexander the Great. The museum is built in Pela, Aegean Macedonia. Macedonian archeologists followed the news by shrugging their shoulders - "that's the EU for you" said one archeologist working at the Skopje Kale, adding "you'd think they (Greece) use the money to finance their problems". ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (The New York Times)

Germany Backtracks on Europe Rescue for Greece

After weeks of backing a European rescue for the financially troubled Greece, Germany shifted course on Thursday, signaling that help should come from the International Monetary Fund rather than Greece’s neighbors. Turning to the I.M.F. would represent a new and potentially humiliating twist in Greece’s financial drama, which was set off by doubts about Athens’s ability to borrow 53 billion euros this year to finance a yawning budget deficit and refinance waves of debt coming due. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

Грција е експерт за лошо однесување

Грците се ранливи токму во овој момент. Меѓународната заедница треба да ја искористи оваа можност и да извлече од нив одредени концесии. Фактот што Вашингтон ја стави Грција на листата на земји на чии граѓани не им се потребни визи за да патуваат во САД, што беше објавено во Белата куќа минатата недела, ми кажува дека Грција е всушност наградена за своето лошо однесување. Ова нема смисла. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

Грците правеле македонско вино од пред 6.000 години

Грчката пропаганда со децении се трудела да докаже дека македонско вино може да биде произведено само во Грција и докази за тоа барала и 6.000 години наназад во семки од грозје откриени кај Кавала и Драма. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Нова Македонија)

Грчки бродолом во македонски води

Македонија ја забележа првата победа во Светската лига, со што истовремено ги елиминира Грците од настап на завршниот турнир во Ниш годинава. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (The Sofia Echo)

Sofia and Skopje: Neighbours’ soap opera

It is in the nature of sibling relationships for occasional strife to spawn emotional, if not hysterical language, customarily laced with threats; so too Bulgaria and Macedonia. Even by the heady standards of the Balkans, Macedonia’s bilateral relations seem defined by matters of deeply-felt emotions. Its dispute with Greece about the use of the name Macedonia is the prime example. It is trite yet true to point out that Bulgaria was the first country to recognise Macedonia under that name, with the "former Yugoslav republic of" prefix, but this first flowering has proved anything but hardy in the long term. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

Време за соочување и одговорност

Што му текна на шефот на опозицијата да предлага ТВ-двобој? Според рејтингот, заостанува во јавните претстави за три пати. Партијата му заостанува уште повеќе. Би требало да „удри“ во парламентот, преку својата инсталација и сенародната антифашистичка коалиција, а не вака, работите да ги решава на ТВ-двобои или со посети на краварски фарми и стечајски работници, со кои се „познава и препознава“ уште од одамна. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

„Виножито“ бара меѓународен притисок врз Грција

Меѓународната заедница да ја принуди грчката влада да преземе акции за ставање крај на кршењето на човековите права во оваа земја, побара вчера политичката партија на македонското малцинство во Грција „Виножито“, заедно со неколку невладини организации на Македонците. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

Загрижувачки разлики помеѓу Македонците и Албанците

Мнозинство од 58 отсто од граѓаните не го поддржува проектот „Скопје 2014“ Дијаметрално спротивни мислења за рамноправноста на етничките заедници во земјава имаат припадниците на македонскиот и на албанскиот етникум, покажува истражувањето на „Дневник“ направено на репрезентативен примерок на темите „Меѓуетнички односи“ и „Проект Скопје 2014“. Анкетата покажува особено загрижувачки резултати за меѓуетничките односи во земјава. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

Нема добрососедство без признати Македонци

Во договорот за пријателство и соработка треба да биде вклучена официјална декларација со која Бугарија ќе ги признае македонската нација и јазик, бара организацијата на Македонците од Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН Македонците во Бугарија не се против договорот за пријателство и соработка меѓу две земји, но тој мора да тргнува од признавањето на македонскиот идентитет во оваа земја, соопшти вчера ОМО „Илинден“ - ПИРИН, најголемата македонска организација кај нашиот источен сосед. Таа реагира на содржината на договорот што Бугарија неодамна и' го предложила на Македонија. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

Дијаспората исчезнува во пописите

Бришењето на пописните прашања за етничкото потекло на граѓаните во земјите каде што има голема македонска дијаспора може драстично да го смали официјалниот број на Македонците во светот. Новиот принцип на властите во САД во пописот што е во тек да нема прашања поврзани за етничкото потекло на граѓаните може, статистички, драстично да го намали бројот на Македонците. ...Повеќе

19.03.2010 10:00 (Дневник)

Стара кола може, стари гуми не

При увоз на возило, не смее да внесе втор комплет гуми, бидејќи во земјава е забранет увозот на употребувани пневматици, велат во Царината Лицата што увезуваат половни возила не смеат да внесат и втор комплет употребувани гуми во земјава бидејќи тоа е законски забрането, велат во Царинската управа на Македонија. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (ОМО "ИЛИНДЕН" - ПИРИН)

Позиција на ОМО Илинден-ПИРИН во врска со предлог-договорот меѓу Бугарија и Македонија

...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Грците не потекнуваат од Грци

„Сегашните Грци не се ништо друго освен мешавина од племиња, кои периодично преминувале во земјата како агресори или како бегалци и емигранти“, пишува денеска во својот напис германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Грците не потекнуваат од Грци“, смета германскиот новинар Андреас Килб. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Пишман пријателство на Софија

Договорот за пријателство што ни го нуди Софија не е прв предложен на релација Македонија и Бугарија, тврдат дипломатски извори, посочувајќи дека од 2000 до 2003 година нашата држава нудела таков документ, но тогашната бугарска влада го одбила како „реликт на минатото“. Она што тогаш не било прифатливо за Иван Костов сега го промовира како бугарска иницијатива Бојко Борисов, но разликата е голема, бидејки тогашниот договор бил правен по меѓународен терк, а овој сега според бугарски. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Македонија ја потопи Грција

Македонија ја слави првата победа на своите ватерполисти во дебитантскиот настап во Светската лига, и тоа против Грција од 7:6, по четвртини 2:2, 2:1, 2:0, 1:3, во петтото коло од групата Б. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Македонија дoби 4 месеци за одговор

Најдоцна до 9 јуни годинава Македонија треба да одговори во Хаг на контрааргументите на Грција околу тужбата за кршење на одредбите на Привремената билатерална спогодба од 1995 година и блокирањето покана за членство во НАТО во Букурешт. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Дневник)

Македонците се болната реалност на Атина

Ограничувањето на обемот на заштита на малцинствата преку непризнавање малцинства е еден од најакутните проблеми, а ситуацијата со Македонците во Грција е еден од најилустративните случаи, вели Цилевич за „Дневник“. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Дневник)

Проблеми со бугарските таблички

Никој не знае дали автомобилите со странски таблички што се возат во земјава треба да се изнесат од државава, а потоа да се увезат за царинска постапка. ...Повеќе

18.03.2010 10:00 (Дневник)

Минатото го блокира Балканот

Историското ривалство ги попречува заедничките стремежи на земјите од западниот Балкан да и' се приклучат на Европската Унија, наспроти економскиот и политички напредок во изминатата деценија, смета Ројтерс во анализа. ...Повеќе

17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)

Грција изгради музеј за Александар со пари од ЕУ

Европската Унија и одобрила на Грција 14 милиони евра за изградба на новиот музеј во Пела, кој грчката влада го рекламира преку видео на кое се гледа бистата на Александар Македонски и се истакнува дека Пела е центар на античката култура. ...Повеќе

17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)

Ќе ни даде ли ЕУ 4,5 милиони евра за Александар?

Атина со византиска препреденост пресметала оти во време на економска криза, народот најдобро може да се нахрани со зајакнување на националното чувство. Црвената панделка пред портата на музејот во Пела зад која се наоѓа бистата на Александар Велики треба да се пресече токму сега, во време на кризата. ...Повеќе

17.03.2010 14:00 (Нова Македонија)

Грција меѓу петте најголеми купувачи на оружје во светот

Грција е меѓу првите пет земји во светот со највисоки трошоци за набавка на оружје во изминативе пет години, покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот институт за проучување на мирот (СИПРИ). ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (guardian)

Being Macedonian

As one of the 9,000 or so Macedonians living in England, I have long been aware of the contrast between the unselfconscious patriotism that is the norm in Macedonia, and the awkward evasion that accompanies the national identity question in England. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Нимиц далеку од нов предлог за името

Македонија и Грција се' уште се далеку од нов предлог за името, изјави вчера Димитрис Друцас, алтернативен министер за надворешни работи. Тој, сепак, е оптимист дека дека наскоро може да се дојде до решение. „ Не можам да предвидам каков било предлог што би го дал Нимиц и се' уште сме далеку од тоа да даде некаков предлог. Но, грчката позиција е позната и јасна. Мислам дека се' повеќе и повеќе се покажува симпатија за оваа позиција“, изјави за Радио Флеш, Димитрис Друцас. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Хелсиншки ја обвини МПЦ дека шири омраза

Синодот на МПЦ–ОА ги нарушува човековите права на одредени групи граѓани и ја зголемува стигмата кон нив присутна во општеството и спротивно на основното учење кое го проповеда оваа институција, шири омраза и ја презема улогата на судија. Вака гласи реакцијата на Хелсиншки комитет на соопштението на МПЦ–ОА во кое таа дава коментар за Законот за спречување и заштита од дискриминација. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Инвеститорите кренаа раце од Македонија

Скромни 180 милиони евра странски инвестиции лани влегле во Македонија, објави вчера Народна банка на Македонија. Во споредба со 2008 година, нивото на странски инвестиции е преполовено, кога биле регистрирани вкупно 399 милиони евра. Оваа бројка, иако и тогаш не беше многу за фалење, за лани е научна фантастика. Според влезот на СДИ, најдобра година за земјава е 2007, бидејќи тогаш нивото на странски инвестиции изнесувало 506 милиони евра. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Утрински Весник)

Преспа се полни од сите страни со вода

„Во Преспа надојде вода колку да се наполни цело Дојранско Езеро. Толку вода немало од 1963 година“. Преспанци со задоволство констатираат дека поројните дождови, наглото топење на снегот и излевањето на водотеците во последните два месеца нивото на езерото се зголемило за околу 1,3 метар. Доколку ваквата хидролошка состојба продолжи и натаму, претпоставка е дека кон крајот на мај водостојот на Преспанското Езеро би требало да биде повисок за 2,5 метри. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Дневник)

Непристоен предлог од Софија

Проблематични се најмалку шест члена од договорот за добрососедство предложен од Бугарија до кој ексклузивно дојде „Дневник“ Бугарија се поставува во позиција на „поголем брат“ во договорот за пријателство и добрососедство што официјална Софија и' го понудила на Република Македонија. Познавачи на односите помеѓу двете земји вака ја коментираат англиската верзија на предложениот документ до која ексклузивно дојде „Дневник“. Немаме информација дали постојат и верзии и на „официјалните јазици“ на двете држави на кои треба да се потпише договорот. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Дневник)

Половните возила заглавија на царина

На царинските терминали вриеше од нервозни увозници, кои со документите во рака одеа од шалтер на шалтер за да ги царинат половните возила. Преовладуваат возилата „опел корса“, „рено твинго“, „цитроен ксантија“, произведени во 1996 година, со цена од 300 до 1.200 евра и поминати до 300.000 километри. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Дневник)

Македонските аниматори станаа бренд

Авторите на анимирани филмови велат дека како никогаш досега забележуваат подем во полето на анимираниот филм и бараат поддршка за понатамошен развој Анимираните филмови се скапи и макотрпни за изработка, бараат сериозен тим и средства што ретко се добиваат од Филмскиот фонд, велат аниматорите. И покрај тоа, луѓето што се директно инволвирани во создавањето на 3Д-анимациите подвлекуваат дека во последните години во нашата земја има подем на ова поле, односно станувавме препознатливи меѓу аниматорите во светот. ...Повеќе

17.03.2010 10:00 (Дневник)

Б-комплекс

Добрите соседи си одат на кафе, може заедно да одат и на одмор (некогаш беше така), може и да се караат за тоа каде моча кучето, но ако некој се обиде да ѕирне во тенџерето на другиот, е тогаш пука филмот! Тогаш веќе нема добрососедски односи: никој не сака да му се мешаат во манџата. Овој принцип е неприкосновен. ...Повеќе

 




































































































































































































































































































































































frontpage hit counter