31.10.2010 20:29 (doingbusiness.org)

Ease of Paying Taxes in Macedonia, FYR

Listed below is a detailed summary of the taxes and mandatory contributions that a medium-size company must pay or withhold in a given year, as well as measures of administrative burden in paying taxes. The information appearing on this page was collected as part of the Doing Business project, which measures and compares regulations relevant to the life cycle of a small- to medium-sized domestic business in 183 economies. The most recent round of data collection for the project was completed in June 2009. ...Повеќе

31.10.2010 20:27 (aneh.ex-alumni.com)

Euromax Resources Establishes Major Position In The Balkanss

Few people would likely consider the Balkans to be an area that could provide fertile ground for major mineral deposits, yet EurOmax Resources (TSXV: EOX) had the foresight to establish a major presence in this formerly troubled region in 2003. Opportunity is often available in the most unlikely places and EurOmax is capitalizing on developing resources in areas first mined by the Greeks, Romans and their predecessors thousands of years ago. With four projects scattered across Bulgaria, Macedonia and Serbia, the company has established a strong beachhead from which to advance into possible production in as little as 18 to 24 months. EurOmax is exploring its Kazandol North prospect in Macedonia for oxide copper mineralization, which could be amenable to low cost Solvent Extraction Electro-winning (SX-EW) technology. Karavansalija in Serbia hosts copper-gold skarns, lead-zinc-copper-gold skarns, gold in volcanics and gold-nickel-cobalt silica breccias. Its Breznik project in Bulgaria hosts significant gold and silver resources, and its Ilovitza project in Macedonia has a resource of 303 million tonnes containing 1.6 billion pounds of copper and 2.9 million ounces of gold plus molybdenum and silver. Christopher Serin, EurOmax’s Interim CEO and CFO spoke with us about the exciting prospects for his well-positioned company. ...Повеќе

31.10.2010 20:25 (guardian.co.uk)

The readers' editor on… keeping truth alive in the Balkans

Their young faces stare out impassively through the polluted rain that splashes on the broken pavements of Pristina. They are the "disappeared"; hundreds of images of men and women, mostly in their teens or twenties, who were probably hurried into makeshift graves in a series of massacres that defined the Kosovo war in 1999. Seeking justice, their families have hung their pictures on the fence of the tatty building that houses the fledgling state's parliament – just one symbol of the many scars still to be healed in this disputed Balkan territory, still heavily monitored by Nato from forbidding, high-walled compounds. ...Повеќе

31.10.2010 11:43 (thirstybackpacker.wordpress.com)

Ode to Cyrillic

I get into Skopje at stupid o-clock (read 6am) and decide to get some Macedonian Denars and make my way to Art Hostel. Only problem is I don’t have anything but the street address and seeing as everything is in Cyrillic I go with the approach and old taxi driver and hope I don’t get ripped off. Luckily its only 200 denars (about 3 euros). I did hear some bad stories of people getting ripped off with this journey. I get to the hostel and the receptionist lets me in and shows me to the room with sheets for the bed. I do my best to quietly put my sheets on and fall asleep. After getting a few deserved zzz’s I get up and grab some breakfast and run into a middle aged gent who was in Veliko Tarnovo – strange. After some general stuffing around Kevin (a brit who also got in at stupid o clock) and myself head off into town to check it out. ...Повеќе

30.10.2010 12:32 (нова македонија)

Груевски и Папандреу два часа се договараа за името

Средбата во четири очи по барање на Груевски беше двапати одложувана поради развлечениот состанок на Европскиот совет, на кој задолжително беше присуството на Папандреу ...Повеќе

30.10.2010 12:30 (нова македонија)

Македонка - нов член на Поткомитетот за тортура на ОН

Првпат откако е независна држава, Македонија во периодот од 2011 до 2015 година ќе има свој член во Поткомитетот за превенција од тортура во рамките на Обединетите нации ...Повеќе

30.10.2010 12:28 (нова македонија)

Сонот на Владетелот: образование

Ќе се најде ли маж во оваа држава, која, освен духовно знаење, на учениците ќе им овозможи и цивилизирани услови за посетување настава ...Повеќе

30.10.2010 12:26 (вест)

Македонијаќе го брендира биеното сирење

Македонското биено сирење треба да се брендира, но и да се заштити. "Не е доволно само да се има бренд. Со новиот Закон за заштита на традиционалните производи, оваа постапка добива и законска рамка", изјави вчера во Охрид м-р Наташа Матева од Институтот за сточарство, на собирот за обука за земјоделските производители, кој го организира Центарот за развој на југозападниот плански регион. Во Македонија познати региони каде што се произведува биеното сирење се мариовскиот и кумановскиот регион. ...Повеќе

30.10.2010 12:24 (време)

„Јутјуб-власта“ во паника

Добро познато е дека Македонците живеат од серт, се хранат и озборуваат на секој чекор од афери. Ама не знаев дека и медиумите ќе пласираат вест со толкава леснотија, без некој да ја провери. Тоа не се однесува за владините медиуми, кои заработуваат само од афери на моменталната опозиција. Ама, наместо да се позанимаваат со бројките кои се повеќе од евидентни на ненормалното буџетско трошење државни пари што ни се случува во моментов, на некој му текна да направи баланс на лошото владино расфрлање за рекордни повеќе од дваесет милиони евра и да измисли колку Бранко Црвенковски истрошил во негово време. Остајте друго, туку на еден клип за кој знаеме дека секој може да го направи на своја рака и да го постави на „јутјуб“. ...Повеќе

30.10.2010 12:22 (време)

Хокус, покус... македоникус

Неодамна прочитав еден афоризам чија парафразирана содржина е отприлика ваква: „Ако нешто смрди, тоа е хемија. Ако нешто не функционира, тоа е физика. Ако нешто е несфатливо тоа е математика. Ако нешто е бесмислено тоа е економија или психологија“. А, јас би додал и политика. Да, токму така. Ако некаде постојат бесмислености, тоа секако е во политиката и тоа во оваа, нашата. За дваесетина години се направија толку бесмислености што можат да ни позавидат сите политичари и сите земји во светот. Затоа, од тие бесмислености сме на ова дереџе каде што сме денес. Сите тие беа резултат на разно-разни експерименти, кои во минатото, а и денес, ги вршеа и ги вршат во најголем дел владини министри, експериментатори. ...Повеќе

30.10.2010 12:20 (време)

Санкции за непослушните во ЕУ

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел вчера договорија нови поцврсти финансиски правила, чијашто цел е избегнување нова финансиска криза. Земјите што се членки се согласија да формираат постојан фонд за поддршка на еврото во време на кризи и право на ЕУ да го контролира националниот буџет на земјите, јави „Би-Би-Си“. Новите правила во еврозоната ќе ги принудат земјите да си ги средат сметките, пред нивите економските проблеми да почнат да ја загрозуваат еврозоната. Херман ван Ромпуј, претседателот на Советот на ЕУ, ги поздрави достигнувањата на самитот. ...Повеќе

30.10.2010 12:18 (време)

Во буџетот се чита евроскептицизам

Парите наменети за Секретаријатот за европски прашања во годинашниот буџет се значително намалени - за речиси 20 проценти, што говори дека усогласувањето на законите со европската регулатива и, општо, процесот на приближување кон ЕУ е ставен многу ниско на листата на приоритети на Владата. Ланскиот буџет за СЕП од 2,2 милиона евра годинава е сведен на 1,8 милион евра, што според оценките на упатените е недоволно за квалитетно извршување на задачите на овој сектор. Ова владино тело ќе има особено многу работа ако во следната година биде одреден датум за преговори и доколку почнат долготрајните и обемни преговори за сите поглавја со европското законодавство. Намалувањето на оваа ставка, велат познавачите, е сигурен знак дека Владата се помирила дека годинава нема да почнат никакви преговори и СЕП ќе функционира само формално. ...Повеќе

30.10.2010 12:16 (вечер)

Тодоровски: Македонската полиција лидер во сузбивањето на организираниот криминал

Преку Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија ќе се собираат сите информации кои ги добиваат надлежните институции. Проектот за прв пат се воспоставува во Европа и преку групирањето на меѓународните контакти и размената на информациите ќе се зајакне соработката и вмрежувањето меѓу државите-кориснички и земјите-членки на ЕУ ...Повеќе

30.10.2010 12:14 (вечер)

Филипини: Извештајот на ЕК за Македонија ќе биде реален одраз на состојбите

Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Симоне Филипини вчера изјави дека не знае што ќе содржи претстојниот извештај на ЕК за напредокот на земјата, но очекува да биде фер и праведен и да ги посочи предизвиците за земјата - реформите во јавната администрација, судството, како и слободата на медиумите. ...Повеќе

30.10.2010 12:12 (вечер)

По две одлагања Груевски и Папандреу се сретнаа

Премиерот Никола Груевски ја завршува посетата на Брисел. Тој вчера доцна поладне се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. До затворањето на весникот овие средби беа во тек. ...Повеќе

30.10.2010 12:10 (утрински весник)

Нов почеток за НАТО и за Русија

Кога пред една година го имав првиот јавен говор како генерален секретар на НАТО, се фокусирав на односите НАТО - Русија, бидејќи верувам оти се од круцијално значење за глобалната безбедност, а не само за европската. Во тоа време сметав дека односот има итна потреба од поправање и дека НАТО и Русија треба да направат „нов почеток“. Така, излегов со неколку посебни предлози за поставување на темелите на далеку попродуктивен иден однос. Една година подоцна до каде сме? ...Повеќе

30.10.2010 12:08 (утрински весник)

Србомански бугаромани

Интересно е човек да проанализира и да се изнасмее во исто време какви фрустрации се тркалаат низ нашите весници. Кризата удрила на сите страни, посебно по тиражите, па затоа сопствениците се принудени да прават разни лудории за да го задржат вниманието на читателите. Еден од начините е да се пишува постојано за теории на заговор што ги интересира луѓето за да пронајдат виновник за општата состојба некаде далеку надвор од можноста да го фатат, а со тоа и нешто да променат. Но, друг начин е, на пример, да си најдете разни отпадоци што имаат потреба своите фрустрации да ги лечат со плукање на се' околу себе. Посебно ако тие отпадоци се согласиле да пишуваат без пари. Тогаш нискиот тираж се компензира со тоа што имате весник без новинари или со само два-тројца. Оти, вие сте толку суетен што не ја признавате реалноста и со сила се правите тоа што не сте. А, тука нема помош. Ако нискотиражниот неделник решил така да опстојува, нема помош. Не може вие пријателски да ги укажете овие работи зашто пријателството се меша со личен интерес, само за пари и за некој број повеќе продаден, по секоја цена. ...Повеќе

30.10.2010 12:06 (утрински весник)

Тачи до Красниќи: Зошто браните кодоши!?

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, му испрати отворено писмо на претседателот на Собранието и вршител на должноста претседател на Косово, Јакуп Красниќи. Во него тој жестоко реагира поради тоа што во досието „Ибар“ е спомнатo дека бил кодошен, а, сепак, изјавил „нема никаква можност Али Ахмети да ме шпионирал, тоа е ноторна лага и оваа работа можат да ја направат само луѓе што немаат, не само национални, туку и човечки чувства“, изјави Красниќи. ...Повеќе

30.10.2010 12:04 (утрински весник)

Во ОН треба да се искористи колективното знаење

Советот на претседателите на Генералното собрание на ОН во Њујорк одржа дводневен состанок на кој расправаше за предизвиците на светската организација. Советот, во кој членува и Срѓан Керим како претседател на 62. заседание на Генералното собрание, усвои повеќе заклучоци за улогата на ОН. Признавајќи ја надмоќноста на Обединетите нации како примарна мултилатерална институција во унапредувањето на глобалниот мир и безбедност, и економскиот и социјален напредок на народите во светот, Советот ја повтори основната улога на Генералното собрание како советодавно тело на Обединетите нации. На состанокот беше реафирмиран ставот дека најсоодветен начин да се искористи колективното знаење и искуството на претседателите на Генералното собрание е преку стекнување посматрачки статус, особено во признатата поширока категорија на „Други ентитети што добиле постојана покана да учествуваат како посматрачи во сесиите и во работата на Генералното собрание“. ...Повеќе

30.10.2010 12:02 (утрински весник)

Боцевски: Извештајот на ЕК срам за Македонија

Македонија моментно нема стратегиска политика, ниту се знае кои се целите и задачите што си ги поставува пред себе Владата во сферата на европската интеграција, смета Ивица Боцевски од Либерално-демократската партија и поранешен вицепремиер за европски прашања. Тој, во пресрет на извештајот на ЕК за напредокот на земјава, кој ќе биде објавен на 9 ноември, констатира дека ситуацијата со реформите е драстично влошена и тоа ќе биде јасно изразено во него. ...Повеќе

30.10.2010 12:00 (утрински весник)

Груевски и Папандреу се бркаа во Брисел

Премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу вчера, конечно, остварија средба во Брисел, која со нестрпливост ја чекаа функционерите на ЕУ, а особено еврокомесарот Штефан Филе. Намерно или не, Папандреу и Груевски во Брисел си играа мачка и глушец како и претходно во Њујорк, а цехот го плати еврокомесарот, кој, чекајќи резултати и добра вест од нашиот премиер, средбата со него ја одлагаше три пати, од утрото до крајот на денот. ...Повеќе

29.10.2010 13:02 (нова македонија)

Папандреу одложи, Груевски упорен кај Расмусен и Ештон

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу му ја одложи вчерашната средба на македонскиот премиер. Му презакажа за денеска. Објаснувањето на кабинетот на Папандреу е дека тој бил презафатен: прво биле средбите на Социјалистичката интернационала, кои траеле подолго од предвиденото, а потоа и состанокот на Европскиот совет, на кој се разговарало за економските состојби во државите-членки на Унијата и мерките на нивната санација. Но додека грчкиот премиер се двоуми дали да се сретне со Груевски, македонскиот премиер во европската престолнина имаше два важни дипломатски дена. ...Повеќе

29.10.2010 13:00 (нова македонија)

Македонија сака регата, Европа групи

Сега велат сме во регата со Србија, Црна Гора и со Албанија, но поентата на регатата е да успееме да се издвоиме и да испловиме пред нив. Но дали е тоа можно имајќи предвид дека она што ја кочи Македонија е спорот со името? ...Повеќе

29.10.2010 12:58 (нова македонија)

Сами дома се фиромизираме

Како МНР не пропушти да реагира со соопштение до А1 и да ги поучи дека 129 држави во светот нé признале под уставното име, а истовремено премолчи повеќе случаи кога државава сама си се фиромизираше во покани и на настани на кои присуствуваат министри, и тоа организирани дома?! ...Повеќе

29.10.2010 12:56 (вечер)

Швајцарија неутрална, НАТО приоритетен за нас

Соработката во делот на одбраната меѓу Република Македонија и Швајцарската Федерација ќе продолжи и понатаму, заклучија на вчерашната тет-а-тет средба министрите за одбрана на двете држави Зоран Коњановски и Ули Маурер. По средбата Коњановски информираше дека го известил министерот за одбрана, на Швајцарската Конфедерација дека го почитува фактот што развојниот план на Швајцарската Конфедерација се држи кон неутралност, но врвен приоритет на Владата на Македонија е членството во НАТО и Европската унија. ...Повеќе

29.10.2010 12:54 (вечер)

Расмусен: Решете го името и вратите кон ЕУ и НАТО се отворени

Ова е досега најнабиената агенда на еден македонски премиер со посети на ЕУ на највисоко ниво. Премиерот Груевски претходно се сретна со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, вчера со премиерот на Кралството Луксембург Жан Клод Јункер, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ...Повеќе

29.10.2010 12:52 (вест)

Минатото да не ја држи во заложништво македонската иднина

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на прашањето каков извештај ќе даде ЕК, рече дека ќе треба да се почека тој да би де објавен, но оти, генерално, ќе има позитивни работи, но и делови кои ќе бидат критикувани ...Повеќе

29.10.2010 12:50 (време)

Груевски и Папандреу пак ќе се ракуваат?

Средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, наместо вчера, како што беше планирано, ќе се одржи денеска во Брисел во просториите на Европскиот совет. Одложување побарал Папандреу поради многубројните состаноци што ги имал со премиерите на земјите-членки на Унијата, но и поради средбите на Социјалистичката интернационала. Судејќи по расположението што владее кај двете страни, нивната седма средба не се очекува да донесе нешто спектакуларно, освен протоколарните ракувања и насмевки. ...Повеќе

29.10.2010 12:48 (време)

„Змиско око“ се лизна во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека на 38 обвинети од акцијата „Змиско око“ Македонија треба да им исплати по 2.000 евра за трошоци бидејќи неоправдано и продолжено биле задржани во притвор. Според судот од Стразбур, со тоа е прекршен членот 5, став 3, од правото на слобода и сигурност од Европската конвенција за човекови права. Европскиот суд за човекови права во Стразбур не расправаше за основата на предметот и за обвинението за „Змиско око“, туку само на жалбата на обвинетите која се однесуваше на изречениот притвор. Со акцијата „Змиско око“ во притвор, во траење и до пет месеци, беа држени 72 вработени на патарините. ...Повеќе

29.10.2010 12:46 (утрински весник)

Новинарка на МИА во Канцеларијата на ЗЕЛС

Градот Скопје и ЗЕЛС вчера отворија заедничка Канцеларија во седиштето на Европската унија, Брисел. Отворањето на Канцеларијата има цел да ги приближи европските фондови кон македонската локална самоуправа, да овозможи навремено информирање за фондовите, претставување и застапување на локалните власти пред институциите на ЕУ, како и лобирање за каква било помош потребна на општините. Задолжена за лобирање и аплицирање во европските фондови е Маја Балевска, дописничка на Македонската информативна агенција од Брисел. ...Повеќе

29.10.2010 12:44 (утрински весник)

Швајцарија ја скрати помошта

Од амбасада на Швајцарија во Скопје информираат дека не е одобрено ниту едно од барањата за азил на македонски граѓанин, бидејќи Македонија не се третира како земја чии граѓани имаат основа да бараат политички или каков било друг азил. Швајцарија, во која алармот беше вклучен откако азилантите од Македонија станаа трети според бројност, по Еритреја и Нигерија, уште во февруари ја намали и еднократната помош, па сега наместо 600, им исплаќа само 100 франци. Инаку, Швајцарија е држава каде што македонската дијаспора е осма според застапеност и сочинува 3,5 проценти од вкупниот број странци во земјата, или изразено во бројки, таму легално живеат и работат речиси 60.000 македонски граѓани. ...Повеќе

29.10.2010 12:42 (утрински весник)

Каде сте Македончиња?

Азилантскиот бран од Македонија што ги разбранува земјите од шенген-зоната не е проследен со голем бран имиграција од земјава. Потврда за тоа е немањето реакции од земјите од шенген-зоната за зголемен број регистрирани илегални имигранти, што го потврдија вчера и од македонското Министерството за надворешни работи, но и од амбасадите на некои од европски земји, кои се традиционални имигрантски дестинации за македонските граѓани. „Немаме реакции од ниту една земја од шенген-зоната за проблем со илегална имиграција од земјава“, информираат од МНР. ...Повеќе

29.10.2010 12:40 (утрински весник)

Колку сме - толку сме

Во политиката два плус два не мора да биде четири... а попис на население не мора прецизно да ја изрази бројката на вкупното население во една земја, етничката припадност, вероисповедта. Така барем „пресметаа“ одредени политички кругови, кои уште пред да почне пребројувањето закажано за април, се обидоа да го релативизираат резултатот на најобемната статистичка операција, се разбира, доколку бројките не се совпаднат со тие што ги посакуваат. ...Повеќе

29.10.2010 12:38 (утрински весник)

„Виножито“ апстинира од изборите во Грција

Државата е во кома“, вели Павле Воскопулос од „Виножито“ објаснувајќи ја одлуката на партијата да отсуствува со свои кандидати од изборите во Грција идната недела. За малите партии, според него, воопшто нема простор на изборите иако граѓаните немаат доверба во ниту една од петте главни што се застапени во парламентот. Од „Виножито“ им советуваат на нивните симпатизери да обрнат внимание на кандидатите и да размислат добро за оние што се долгогодишни поддржувачи на политичката идеологија на партијата и имаат јасен став за македонското прашање. Иако нема многу кандидати, Воскопулос забележува дека може да се најдат тројца или четворица од независните листи што би работеле повеќе на подобрување и прифаќање на работата на „Виножито“ и на нивните симпатизери. ...Повеќе

29.10.2010 12:36 (утрински весник)

Груевски и Папандреу си презакажаа

Премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу ја презакажаа вчерашната планирана средба за денес, неофицијално, по барање на грчкиот лидер, кој вчера учествуваше на самитот на ЕУ-лидерите во Брисел. Според објаснувањата од грчката делегација, Папандреу сакал повеќе време за средба со нашиот премиер како услов таа да биде продуктивна. Таквото образложение е на линија со забелешките на премиерот Груевски, кој во неколку пригоди досега оценуваше дека е заинтересиран за средби само ако се суштински, а не формални, какви што беа досега. Ако се оствари, ова ќе биде седма тет-а-тет средба на двајцата премиери по доаѓањето на Папандреу на чело на владата на Грција. Досегашните средби, покрај заложбите за подобрување на билатералните релации, не донесоа напредок во решавањето на прашањето за името. ...Повеќе

29.10.2010 12:34 (дневник)

Јавна реч

Вистина имаме малку збрка со јавните информации и со медиумското покривање на суверената територија на државата, каква е-таква е. Многу работи тука не се јасни. Барем мене не ми се јасни. Имено, според т.н. меѓународни „рејтинзи“, во последно време напредуваме како држава. Последниот таков, од завчера е - дека на антикорупциската листа сме се качиле за десетина места и сега, по Словенија, а заедно со Хрватска, сме далеку зад другите балкански држави, вклучувајќи ги и членките на Унијата - Грција, Бугарија, Романија, да не зборуваме пак за Србија, БиХ, Албанија, Косово итн. Тоа малку ги збуни корупционерските критичари, но што да правиме, така е. На рејтинг-листите на Светската банка и на ММФ, исто така многу добро сме рангирани, во однос на соседите, според најмногу од економските и развојните параметри. Ова е за жал на опозицијата и на дел од медиумите, но така е. Нека им се обратат на банката и на фондот и нека им кажат- извинете, ама овде властите ги „штимаат“ податоците. ...Повеќе

29.10.2010 12:32 (дневник)

Брисел вторпат ни дава морков за името

Уверена дека спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе биде брзо решен, Европската комисија на Македонија ќе и' испорача позитивен извештај како и во минатата година, во кој ќе биде задржана препораката за преговори за членство. Поинаку кажано, тоа е морковот што Брисел и' го нуди на Македонија во моменти кога со Грција во Брисел повторно ќе има средба на високо ниво. ...Повеќе

29.10.2010 12:30 (дневник)

Дописничката на МИА ќе лобира за ЗЕЛС во Брисел

ЗЕЛС и Градот Скопје вчера во Брисел отворија своја канцеларија. Во дваесетина квадратни метри што се наоѓаат во близина на европските институции ќе се смести еден претставник што ќе биде задолжен за лобирање и за аплицирање во европски фондови за македонските општини. ...Повеќе

28.10.2010 13:06 (нова македонија)

Што да се очекува од американските избори

Има неколку републиканци што гласно навиваат за Грците, а има и демократи што јасно се залагаат за Македонците. Но, генерално гледано, избраните демократски конгресмени ги поддржуваат Грците, додека републиканските конгресмени ги поддржуваат Македонците. Повеќе републиканци во Конгресот е подобро за Македонија ...Повеќе

28.10.2010 13:04 (нова македонија)

Пописот во април

Пописот во Македонија идната година ќе биде во согласност со препораките на Обединетите нации и со стандардите на Европската Унија (ЕУ). Овој концепт ќе биде применет и во државите од регионот и во земјите на ЕУ, каде што исто така ќе има пописи во април 2011 година ...Повеќе

28.10.2010 13:02 (нова македонија)

Домашниот сајбер-простор небранета зона - како и името

Сајбер-криминалците често напаѓаат по случаен избор интернет-страници што имаат ранлив код. Во Македонија повеќето се такви, а меѓу незаштитените се вбројуваат и голем број владини сајтови, меѓу кои и тие на министерствата за внатрешни работи, за финансии и за економија ...Повеќе

28.10.2010 13:00 (нова македонија)

Баросо очекува позитивен извештај

Претседателот на ЕК очекува извештајот да биде позитивен. На средбата, како што брифираат од владиниот кабинет, не ни било отворено прашањето за извештајот, бидејќи неговиот текст веќе е дефиниран, а македонската страна била запознаена со неговата содржина ...Повеќе

28.10.2010 12:58 (време)

Хеленистите го вртат Обама против ФИРОМ

САД да не дозволи Македонија да биде примена во НАТО на ноемврискиот самит во Лисабон без решение за името и да ја повлече одлуката за признавањето на уставното име на земјава ако таа одбие да соработува. Тоа се вели во писмото што Американскиот хеленски институт го испрати со претседателот Барак Обама како реакција на барањето на 19 конгресмени Македонија да биде примена во НАТО на лисабонскиот самит. - ФИРОМ мора да сфати дека за да се зачлени во НАТО, треба да се фокусира на принципот за добрососедски односи и на надминување на разликите за името. Грција е најголем инвеститор во ПЈРМ и, буквално, помага да се одржи нејзината несигурна економија и да се намали големата невработеност - се вели во писмото на Американскиот хеленистички институт. ...Повеќе

28.10.2010 12:56 (време)

Грчки хакери ја нападнаа Македонија

„Македонија е една и грчка“, порачаа грчки хакери, кои прексиноќа влегле на 850 интернет-страници од целиот свет каде што фигурира терминот Република Македонија. - Македонската администрација се залага за тоа што им припаѓа на Македонија и на Македонците. ...Повеќе

28.10.2010 12:54 (време)

Вашингтон бара тежок компромис за името

Решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција бара тежок компромис, кој мора да биде постигнат од двете земји во директен дијалог и со заемна доверба, а не преку весници и медиуми. Тоа е пораката што во името на американската државна секретарка Хилари Клинтон ја пренел нејзиниот помошник Томас Кантримен на средбите со државниот врв и со претставници на соодветните политички партии. ...Повеќе

28.10.2010 12:52 (време)

Сега Македонија е на потег

На Македонија сега и е редот да направи напредок во евроинтеграциските процеси и во билатералниот спор со Грција, како што направија Хрватска и Словенија, Србија и Косово, побара вчера претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел. Тој не сакаше да прејудицира за доделувањето датум за преговори за Македонија, но неколкупати ја повтори важноста на што побрзо решавање на спорот со Грција. ...Повеќе

28.10.2010 12:50 (вечер)

Хеленистички институт со писмо до Обама

По неодамнешното писмено барање на 19 конгресмени до американскиот претседател Барак Обама за брз прием на Македонија во НАТО на претстојниот ноемвриски самит на Алијансата, Хеленистичкиот институт од Америка, со писмо до претседателот возвраќа со контраудар. Во писмото, потпишано од претседателот на организацијата Алеко Хараламбидес и извршниот директор, Ник Ларигакис, се изразува несогласување со ставот на 19-те конгресмени, кои во писмото до Обама порачаа дека билатералниот спор меѓу Македонија и Грција не треба да влијае врз зачленувањето на земјата во НАТО. Според организацијата, приемот на Македонија во НАТО без решение на проблемот со името ќе предизвика нестабилност во регионот, затоа што со отсуството на решение во спорот со името, Македонија не го исполнува условот за добрососедски односи. -ПЈРМ мора да сфати дека со цел да се зачлени во НАТО, мора да се фокусира на исполнување на принципот на НАТО за добрососедски односи и итното надминување на разликите околу нејзиното име. ...Повеќе

28.10.2010 12:48 (вечер)

Немам нов предлог, ниту специјална вест, но САД верува во решение за името

Американскиот дипломат Томас Кантримен, кој својата кариера ја започна во амбасадата во Белград пред 28 години, се враќа на мисија на Балканот. Од септември е назначен за прв заменик на помошникот на државниот секретар Хилари Клинтон задолжен за Европа и Евроазија. Тој веќе ја оствари првата мини турнеја на регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Тој завчера се сретна со премиерот Никола Груевски, но немаше официјални изјави по средбата. ...Повеќе

28.10.2010 12:46 (вечер)

Ќе добиете позитивен извештај!

Запрашан дали земјава ќе добие датум за почеток на преговорите, Баросо одговори: - Дали вашата земја ќе добие позитивна препорака за почеток на преговорите, не можам да кажам однапред, бидејќи оценката ќе биде донесена на 9 ноември, денот кога ќе го објавиме и Извештајот на ЕК за напредокот на ФИРОМ во однос на ЕУ-интеграцијата, изјави Баросо ...Повеќе

28.10.2010 12:44 (утрински весник)

Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата

Наспроти оцените на „Транспаренси интернешенел“ дека Македонија во континуитет покажува подобар рејтинг во справувањето со корупцијата, оцените на Европската унија одат во спротивна насока. Во извештајот на оваа тема, кој моментално е во процедура, ЕУ ја нарекува постапката околу високопрофилните случаи на корупција бесконечна, при што повисоките и пониските судови си играат пинг-понг, враќајќи ги судењата од една на друга судска истанца. „Општ изговор е дека треба да се утврди апсолутната вистина за случаите, иако за такво нешто не се инсистира во ’обичните‘“, стои во извештајот изработен за потребите на Европската комисија. ...Повеќе

28.10.2010 12:42 (утрински весник)

Албанија ги отпишува Македонците место да ги попишува?

„Не сум сигурен дека албанските власти сакаат да спроведат прецизен и чесен попис. Образецот во кој се предвидени две графи - Албанец и друго - има за цел да ги одврати етничките Грци, Црногорци, Македонци, Власи, Турци, од изјаснување на етничкиот идентитет“, вели Едмон Темелко, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција и актуелен градоначалник на Пустец. Темелко е длабоко разочаран што барањата на партијата, која е регистрирана во 2005 година, како и барањата на другите ентитети не биле земени предвид при изготвувањето на прашалникот што би ја прикажал, конечно, вистината за мултиетничноста на Албанија. ...Повеќе

28.10.2010 12:40 (утрински весник)

Грчките хакери во бесмислен поход

Грчките хакери одлучија да го прослават 26 октомври, денот на прославата на св. Димитриј, светецот-заштитник на Солун, со „хакнување“ на 850 сајтови и оставање порака „Македонија е грчка“. На сајтовите од цел свет, кои се чини сосема случајно се избрани, хакерите додале дополнителен фолдер со свои текст, напишан на лош македонски и во него ја напаѓаат Македонија за крадење на историјата и на името од Грција. Од сите сајтови има само два македонски, останатите се од Бугарија, Турција, Кина, Шведска, сосема неповрзани со Македонија, како, на пример, страницата на Универзитетот на виетнамската воена болница или, пак, сајтови на кинески снабдувачи за лепила. ...Повеќе

28.10.2010 12:38 (утрински весник)

За името е потребен тежок компромис

Заменикот-помошник државен секретар на САД, Томас Кантримен, дојде во мисија на убедување во Македонија, чија цел не беше само спорот за името, туку и скептицизмот во јавноста околу ангажманот на САД. ...Повеќе

28.10.2010 12:36 (утрински весник)

Баросо најави позитивен извештај за Македонија

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, изјави вчера дека не може однапред да ја прогнозира оцената на Европската комисија за реформите во Македонија, но дека, според дебатата што веќе ја имале, очекува таа да биде позитивна. Баросо, сепак, не можеше да ја скрие разочараноста од се' уште нерешениот спор за името меѓу Македонија и Грција, порачувајќи дека постојано испраќа апели до двете страни да го сторат тоа, бидејќи е критички важно за Македонија, за регионот, па и за иднината на проширувањето на ЕУ. ...Повеќе

28.10.2010 12:34 (дневник)

Заедничка канцеларија на Градот и на ЗЕЛС во Брисел

Градот Скопје и Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) денеска во 11.30 часот ќе ја отворат заедничката канцеларија во Брисел. Канцеларијата е во зградата на Советот на европски општини и региони (ЦЕМР), која се наоѓа во близина на Европскиот парламент. Во Советот за европски општини и региони ЗЕЛС членува од 2004 година. Трошоците за изнајмување на просторот, во кој ќе биде сместена канцеларијата, Град Скопје и ЗЕЛС ќе ги делат по половина. ...Повеќе

28.10.2010 12:32 (дневник)

Баросо: Време е да се реши спорот

Време е да се реши спорот за името - рече претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, по средбата со премиерот Никола Груевски вчера, во Брисел. Тој ја повтори истата порака што ја испрати пред неколку седмици откако се сретна со македонскиот претседател. Баросо смета дека ова е историска можност за Македонија и дека спорот треба да се реши што е можно побрзо изразувајќи надеж дека тоа и ќе се случи. ...Повеќе

28.10.2010 12:30 (дневник)

Не потпирајте се на САД за името

И да решат поактивно да се вклучат во процесот за изнаоѓање решение за името, Соединетите Американски Држави нема да го направат тоа многу видливо, изјави во Скопје Томас Кантримен, помошникот на Хилари Клинтон задолжен за Балканот. За анализите дека без вистинско инволвирање на САД и на ЕУ не е можно решавање на спорот и дека актуелната американска администрација му посветува помало внимание на ова прашање за разлика од претходната, Кантримен рече дека САД ги поддржуваат напорите на двете влади, дека се вклучени во напорите да комуницираат една со друга, но оти решението треба да го најдат Скопје и Атина. Напорите на Даниел Фрид во 2008 година, поддржани од тогашниот претседател Џорџ Буш и секретарот Кондолиза Рајс, да се дојде до решение, не успеаја, не бидејќи тој не се обиде доволно, туку затоа што проблемот е тежок, смета тој. ...Повеќе

 























































































































































































































































































































































































































































































































































































































frontpage hit counter