ќ Телевизија Сонце

Писмо на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права до Премиерот на Јужна Австралија, Мајк Ран

Предизвикувачки коментари против етничките Македонци



Г-дине Ран,


Ние станавме свесни за вашиот став минатата година на 31-от годишен "Грчки фестивал Димитрија" во Јужна Австралија. Откако го чувме вашиот говор пред грчката заедница на овој настан, дојдовме до заклучок дека тој е предизвикувачки, фанатичен и навредлив.


Да започнеме со тоа, што кон сегашниот претседател на Република Македонија се обративте како кон некој кој го "разгорува проблемот на најопасен начин". Вашето оправдување за ова е дека тој и македонската влада го користат симболот на Александар Велики Македонски, во различни јавни проекти. Се сомневаме дека било кое лице, кое објективно размислува, може да се согласи дека ова е “опасно разгорување на проблем“.


Меѓутоа, ова не беше доволно за вас г-дине Премиер, вие потоа продолживте да го поткревате нивото на клеветење против етничките Македонци со следново тврдење пред грчката етничка публика на фестивалот: "Луѓето понекогаш ми велат, зошто е ова толку важно? Тоа е важно, бидејќи никој нема право да ја краде историјата на друга нација или култура, затоа е важно ". Премиеру, вие со тоа наведовте дека етничките Македонци се крадци, па вие мора да им помогнете на големците клеветејќи ги етничките Македонци во целост.


Затоа ние ќе ги употребиме соодветните закони, за да се осигураме дека Вие ќе положите сметка за ваквото ширење на омраза.



Искрено Ваш,

Џорџ Влахов - Претседател на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права

 
frontpage hit counter