ќ Телевизија Сонце

Денес и утре се играат првите реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

Се очекуваат неизвесни натпревари бидејќи во првите мечеви ниедна од екипите не направи недостижна предност или поповолен резултат. Од денешните два натпревари поголемо внимание предизвикува дуелот во Фиренца. Фиорентина е силно мотивирана да му се реваншира на Баерн за несреќниот пораз од 2:1 во Минхен, но ако се земе предвид формата во која играат "виолетовите" екипата на Баерн Минхен е поблиску до успех. Во вториот дуел на Арсенал доволна и е и минимална победа на домашен терен во дуелот со Порто, откако во првиот натпревар резултатот беше 2:1 за португалците. Арсен Венгер пред мечот се соочува со големи проблеми откако нивниот најдобар фудбалер Сеск Фабрегас според последните информации најверојатно ќе го пропушти дуелот вечерва поради повреда, а на листата на повредени уште се и Вилијам Галас, Робин Ван Перси, Јохан Џору и Арон Рамзи. - Голот постигнат на гости во голема мера ни ја олеснува работата. Иако имаме голем број на повредени играчи, сепак мислам дека поседуваме доволен фонд на фудбалери кои можат да одговорат на моите барања. Очекувам Порто да игра дефанзивно и да се брани. За нас е најбитно да одиграме добро во одбраната, и да не се повторат грешките од првиот натпревар - изјави Арсен Венгер. Утре пак се играат двата поинтересни натпревари, посебно внимание привлекува дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан поради фактот што англиската мегаѕвезда Дејвид Бeкам, по седум години се враќа таму каде што ја започна својата кариера, на Олд Трафорд. Во вториот натпревар утре Реал на домашен терен во Мадрид мора да брка победа од два гола разлика во дуелот со незгодниот Олимпик Лион, откако во Франција Лион победи со 1:0.

ЛеБрон Џејмс заради повреда на скочниот зглоб не го одигра и вториот по ред натпревар за Кливленд, кој сепак и без него први стигнаа до 50.победа во сезоната. Кливленд на свој терен овој пат го совладаа Сан Антонио минимално со 97:95 во една крајно неизвесна завршница. Во домашниот тим Мо Вилијамс и Ентоан Џејмисон постигнаа по 17 поени со што беа најзаслужни за победата. Аргентинецот Џинобили одигра одличен натпревар со 38 поени, седум скока и пет асистенции, но и тоа не беше доволно Спарс да остварат победа. Во најефикасниот синоќешен натпревар во кој беа постигнати вкупно неверојатни 266 поени, Њу Орлеанс го порази Голден Стејт со 135:131. Во останатите натпревари Њујорк - Атланта 99:98, Мемфис - Њу Џерси 107:101 и во последниот дуел Минесота дома беше поразена од Далас со 112:125.

Случајна грешка или уште една провокација е главното прашање на скандалот кој се случи во Австралија, а е поврзан со македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев?

Најгледаната австралиска телевизија ’Фокстел’ го претстави нашиот најголем фудбалски бисер како Бугарин! Како што се гледа од дадената слика, пред неколку денови при претставувањето на тимот на Интер, покрај името на нашиот најдобар фудбалер било испишано дека е тој од Бугарија. Што е најтрагично од радиото ZZZ, велат дека грешката не е случајна или некаков пропуст. Ицо Најдовски од ЗЗЗ радиото од Мелбурн ја испрати оваа информација за која додава: “Етничките Македонци во Австралија се навредени. До денес Македонските организации во Австралија официјално ниту реагираа ниту побараа извинување од уредникот за спорт. Грешката не е случајна ниту пак се работи за некаков пропуст. Овој очигледен преседан е направен намерно од уредникот за спорт со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи. Со ова уште еднаш е навредена Македонската заедница“.

 
frontpage hit counter