ќ Телевизија Сонце

КРСНА СЛАВА "СВ.ТРИ ЈЕРАХА" НА ЗДРУЖЕНИЕТО "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" - ВРАЊЕ

Се гордееме што сме Христјани-Македонци и што ја славиме славата Св.Три Јераха заедно со многу цркви, манастири и фамилии.

Св. Василије Велики е познат како голем духовен учител.

Св. Григорије Богослав е познат како ненадминат толкувач на догмата.

Св. Јован Златоуст се памети како ненадминат проповедник на Евангелието, а Здружението “Гоце Делчев” за овие пет години од формирањето се труди да ги почитува традициите, обичаите, културата и довербата, почитува и сака да биде почитувано.

И оваа јубилејна година ни значи многу, тргнавме со проекти и така ќе продолжиме, по протоколот: најпрво собир на членовите на Здружението пред Соборниот храм Св.Троица во Врање, предводени од кумата за оваа година - Вера Драгутиновиќ, претседателот на подружницата на Владичин Хан, присуствуваме на свечената литургија, а потоа сечење на колачот што за ова пригода го донесе кумата.

Дружењето продолжи во прекрасниот ресторан, каде кумата Вера со обраќање им се заблагодари на присутните за довербата и рече дека е задоволна и среќна што е кума. Дали има подобра порака од пораката што им ја упати кумата на присутните? Ајде браќа и сестри да запееме како некогаш, песната е таа што не зближува, ајде да ги заборавиме сите поделби... Ајде, ајде да бидиме тоа што сме - за многу години Македонци каде и да сте!


 






















































































/>























frontpage hit counter