ГРЧКАТА ДЕСНИЦА ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИ, МОЖЕН ДАТУМ 29 АПРИЛ

Грчката десничарска партија Нова демократија би се согласила предвремените избори во земјата да се одржат на 29 април, а не на 8 април, доколку е потребно повеќе време за завршување на трансакциите со обврзниците. Партиски извор, кој побарал анонимност, изјавил дека 29 април изгледа како реален датум за спроведување на изборите. Тој потсети дека Нова демократија бара избори веднаш откако ќе биде завршена зделката. Во интервју за „Ројтерс“, претседателот на Нова демократија, Андонис Самарас, изјави дека сака изборите да се одржат не подоцна од 8 април. Десничарската партија заедно со социјалистите од ПАСОК формираа коалициска влада на чело со премиерот-технократ Лукас Пападимос, што и го обезбеди вториот спасувачки пакет за излез од тешката должничка криза.
Подготвил: Атанас Величков