ГРЦИЈА – ПРИВАТНИ ДОВЕРИТЕЛИ: ОПЕРАЦИЈА ЗА ЗАМЕНА НА ГРЧКИОТ ЈАВЕН ДОЛГ




Операцијата за замена на обврзници меѓу грчката држава и приватните доверители ќе се одржи на 12 март – соопшти извор од грчкото Министерство за финансии по постигнатата спогодба во Брисел за делумно простување на долгот и за давање помош на Грција. „Замената на долгот ќе се одржи на 12 март“, соопшти изворот, откако министерот за финансии Евангелос Венизелос потврди дека Владата ќе го формулира официјалниот предлог кон банките кредиторки на земјата врз основа на преговорите, кои се одржаа минатата ноќ во Брисел. Ако оваа операција, која е прва од ваков вид во историјата на светските финансии, биде завршена, Грција нема да плати 107 милијарди евра од својот јавен долг во вредност од 200 милијарди евра, раководен од приватните кредитори. Вкупниот долг на земјата изнесува 350 милијарди евра.

Подготвил: Атанас Величков
 
frontpage hit counter