СПОРЕД АНКЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ГФК, ХРВАТИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД СВОИТЕ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ

Според истражување на агенцијата ГФК, 72 проценти од домаќинствата во Хрватска сметаат дека нивните месечни приходи се пониски од неопходните за нормален живот, 8 проценти сметаат дека им се повиски, а 17 проценти дека имаат токму онолку колку што им е потребно. Анкетираните сметаат дека за задоволување на основните месечни потреби на едно семејство се потребни најмалку околку 1200 евра. Најголем дел од месечните приходи, или 29 проценти, едно домаќинство издвојува за храна и за пијалаци, а ако на ова се додадат и трошоците за струја, за греење, за вода и за комуналии, произлегува дека само за задоволување на основните животни потреби едно домаќинство во Хрватска троши 48 проценти од заработеното.
Подготвил: Атанас Величков