ЕК И ПРОШИРУВАЊЕТО НА ШЕНГЕН: ПОДДРШКА ЗА БУГАРИЈА И ЗА РОМАНИЈА




Европската комисија е подготвена да ги поддржи сите мерки што би биле потребни за обезбедувањето на позитивно решение на Советот на европските министри за правда и внатрешни работи, кој во септември треба да го одобри пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген. Ова се вели во извештајот за активностите на Шенген-зоната за првата половина на годината, кој беше претставен од Европската комисија. „Иако во јуни 2011 година Советот за правда и внатрешни работи заклучи дека Романија и Бугарија ги исполнуваат критериумите на Шенген, тогаш не беше донесена одлука за укинување на граничните контроли за меѓународните граници со овие земји. На 2 март 2012 година Европскиот совет побара од Советот на министрите за правда и внатрешни работи да ги имплементираат мерките што ќе помогнат за успешно проширување на Шенген-зоната со пристапувањето на Романија и Бугарија, а, исто така, и да ги претстават резултатите во септември 2012 година, кога министрите за внатрешни работи треба да донесат одлука. ЕК е подготвена да ги поддржи сите мерки што ќе бидат потребни за да се обезбеди позитивно решение на Советот за внатрешни работи во септември“, се вели во извештајот за активностите на Шенген-зоната во периодот од ноември 2011 до април 2012 година.

Подготвил: Атанас Величков
 
frontpage hit counter