Наполи го декласираше Челзи, Реал Мадрид одигра нерешено против ЦСКА Москва

На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол совладан беше тимот на Челзи со 3:1, иако гостите од Лондон поведоа со 1:0. Првиот гол во 27.минута го постигна Хуан Мата, а потоа следуваа головите на домашната екипа. Прво во 39.минута изедначи Езекил Лавеци на 1:1. На 2:1 зголеми Единсон Кавани во судиското надополнување на првиот дел. Конечните 3:1 ги постави Лавеци со својот втор гол во 65.минута.
До крајот на натпреварот, Наполи можеше да постигне барем уште еден гол, но сепак своите шанси не успеаја да ги реализираат Маџо и Хамшик.
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев ги одигра последните десетина минути од натпреварот откако во игра влезе на местото на Хамшик во 82-та минута.
На вториот денешен натпревар, ЦСКА Москва се избори за реми од 1-1 во дуелот со Реал Мадрид.
И покрај тоа што Кралевите требаа да се адаптираат на ниските температури во Москва, одиграа добро прво полувреме и поведоа преку голот на Кристијано Роналдо во 28. минута.
Сепак, ЦСКА Москва заигра многу подобро во вториот дел, домаќините покажаа солидни перформанси и нивниот труд беше награден со погодок во третата минута од судиското надополнување, кога во листата на стрелците се запиша Вернблом.
Подготвил: Јовица Симоновски










