Торус СЦБТ по лошо ќе ја памети дебитанската сезона во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Торус СЦБТ убедливо со 92-74 загубија на гостувањето во Бугарија против Рилски Спортист во рамките на регионалната БИБЛ лига. Избраниците на Марјан Србиновски можеа да се носат со домаќинот само во првиот дел, добивајќи ја првата четвртина со осум поени разлика, но губејќи ја втората со иста мера. Вториот дел помина во целосна доминација на Рилски, кој на крајот заслужено славеше. Караџовски и Димчевски со по 19 поени беа најефикасни во нашиот тим, а со двоцифрен број на поени заврши и Џастин Рејнолдс кој запиша 13 коша. Оваа победа сериозно го приближува Рилски до посакувано место во плејофот за фајнл фор турнирот, додека Торус СЦБТ и официјално ги загуби шансите за пласман понатаму.
ГРУПА А: Морнар - ОКК Београд и Галил Гилбоа - Темишвар
ТАБЕЛА: Рилски Спортист 14, Галил Гилбоа и Морнар 13, Темишвар 10, ОКК Београд 9 и ТОРУС СЦБТ 9.
Денешниот дуел во Кавадарци од групата Б меѓу бранителот на титулата Фени индустри и Зрињски е одложен по барање на гостите поради лошите временски услови во Босна и Херцеговина. Во наредните денови ќе биде одреден новиот термин за одигрување на овој натпревар од деветтото, претпоследно коло во групната фаза.
ГРУПА В: Левски - Улцињ одл. Четврток: Напредак – Левски
ТАБЕЛА: Левски и Хапоел ТА 14, ФЕНИ ИНДУСТРИ и Напредак 12, Зрињски 9 и Улцињ 8.
Подготвил: Јовица Симоновски