Над 18 илјади пензионери сакаат на бесплатна бања

Над 18 илјади пензионери аплицирале за владиниот проект “Бањско-климатска рекреација“. Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски само 10.000 од нив преку проектот на Владата и Министерството за труд и социјална политика, бесплатно ќе отидат на 7-дневна рекреација на некоја од бањите во земјава.
Денеска за таа намена министерот Ристовски со директорите на Негорски бањи, Дебарски бањи, Катлановска бања и АД Цар Самоуоил потпиша договор со кој се регулираат правата и обврските на двете страни за користење на оваа услуга за 2012 година.
Подготвил: Ѓерѓи Терпо