Пешевски во Женева на меѓународна конференција за јавно приватно партнерство




Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ќе учествува на меѓународната конференција Денови на јавно приватно партнерство 2012 што се одржува од 21 до 24 овој месец во Женева, Швајцарија.

Пешевски ќе има завршно обраќање со кое ќе се заокружи излагањето на предавачите и воедно ќе се изнесат заклучоците од тој дел на конференцијата.

Големиот светски настан на кој се поканети високи државни делегации и стопанственици од повеќе земји, меѓу кои и од Африка и Јужна Америка, го организираат Економската комисија на ОН за Европа, Институтот на Светска банка и Азиската банка за развој.

Подготвил: Ѓерѓи Терпо
 
frontpage hit counter