Научно-стручна конференција “МАЛКОН’12“




Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и е целосно подготвена за преземање на одговорностите и обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Ова го истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими во денешното обраќање на конференцијата во Скопје насловена “Процесот на планирање и донесување одлуки во современите операции-Каде сме денес, а каде треба да бидеме утре?“.

Според Бесими сеопфатното стратегиско одбранбено планирање е опд суштинската важност за одржување и развој на ефикасен систем за обрана и подготовка за учество во одбранбеното планирање на НАТО.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котевски рече дека процесот на донесување на воени одлуки, е единственото средство кое стои на располагање и кое им помага на командантите и штабовите да ги предвидат и донесат решенијата за правилно и успешно функционирање на воената организација и правилно ангажирање на единиците.

За министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, процесот на планирање и донесување одлуки во современите воени или цивилни операции при кризни состојби, претставува еден од оние базични системски перформанси според кои што се цени зрелоста и капацитетите на институциите на една држава.

Денешната прва воена научна стручна конференција “Милкон 12“ на која дебатираа претставници на министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата на Република Македонија и експерти од областа на безбедноста, беше организирана од страна на Министерството за обрана и Воената академија “Генерал Михајло Апостолски.

Подготвил: Ѓерѓи Терпо
 
frontpage hit counter