НЕМИРНИ ПРОГНОЗИ ЗА 2012 ГОДИНА: КРИЗАТА ЌЕ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА, ИСЛАМОТ ЌЕ СЕ ШИРИ




Промените што се случија речиси истовремно во Европа, Кина и на Блискиот Исток во изминативе две децении, се новите рамки за развој на новиот светски поредок. Процесите што ќе се одвиваат на глобално ниво ќе бидат во директна зависност од влијанијата што ќе ги прредизвикаат овие три региони, се вели во најновата анализа на Американскиот институт за глобални анализи Стратафор, за блиската перспектива на процесите во светот.

Светскиот поредок што беше створен во 1991 година, со падот на Берлинскиот Ѕид, наскоро ќе биде заменет со нов глобален систем, а оваа 2012 година би можела да биде пресвртница во тој правец.

Кога станува збор за Русија, Стратфор таму предвидува социјални немири, преструктуирање на рускиот политички состав, како и големи економски промени што ќе уследат поради европската економско-финансиска криза, но позицијата на Владимир Путин нема да биде загрозена, туку напротив, ќе зајакне.

Американскиот институт предвидува дека Русија ќе продолжи да го зголемува своето влијание во некои од земјите на бившиот Советски Сојуз, со градење царинска унија со Белорусија и Казахстан, со кои е веќе покрената инцијативата за основање на Заедничкиот еконономски простор, на кој се очекува да му се приклучат уште и Киргистан и Таџикистан.

Москва и Вашингтон ќе продолжат со тешките несогласувања околу противракетниот штит што САД планираат да го инсталираат во Централна Европа. Русија, пак, според предвидувањата на Стратфор, ќе ја искористи таа криза за да изврши дополнителен притисок врз Централна Европа, со поголемо економско присуство во тој дел од Стариот континет, со цел да внесе поголеме поделба меѓу европјаните, од една, како и меѓу нив и американците, од друга страна.

Стратфор предвидува дека големата економска и структурална криза во која ЕУ е длабоко заглибена, и натаму ќе се продлабочува, поради што Унијата ќе продолжи да тоне во рецесија.

Повлекувањето на САД од Ирак ќе доведе до зголемување на вилјанието на Иран врз таа земја, а тоа ќе предизвика глобални проблеми.

Агенцијата Стратфор вели дека нејзината прогноза се базира врз сознанието дека светот се наоѓа сред генерациски пресврт, а во оваа 2012 година би требало да созрее глобалното сознание дека ерата на Студената војна е дефинитивно завршена, но дека таа ќе биде заменета со друга општосветска затегнатост, со некои други „играчи“ и со поинаква „динамика“.

Во однос на блиските перспективи на ЕУ, во проекциите на Стратфор се вели дека Унијата подготвува нови мерки за финансиска подршка на загрозените членки, со цел да обезбеди ефикасни инструменти за поголема фискална дисциплина, но тоа ќе ги избрка потенцијалните инвеститори. Германија, на чело со Меркел, својата клучна улога во Унијата ќе ја искористи во намерата да ја промени структурата на еврозоната во своја полза, поточно, да ја наметне строгата финансиска строга контрола врз што повеќе земји-членки.

Стратфор предвидува дека оваа стратегија на Меркел нема да успее затоа што препуштањето на буџетските овластувања на „странски фактор“ ќе значи жртвување на државниот суверенитет, на што многу земји-членки ќе се спротивстават.

Економската криза и јакнењето на милитантниот исламизам ќе ја одбележи оваа 2012 година. Исламскиот екстремизам и милитаризам ќе биде во пораст во клучните исламски региони на Блискиот Исток и во Централна Азија. Таму, како што прогнозира најпознатата светска аналитичка агенција, на удар на исламските милитантни ќе бидат Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, каде побунетите исламистички групи ќе се обидат да ги сменат досега владеачките режими.

Подготвил: Милан Аџиевски
 
frontpage hit counter