НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА НА ИРАН: РАЗОЧАРАНИ МЕЃУНАРОДНИТЕ ИНСПЕКТОРИ

Експертите на Обединетите нации се враќаат дома, откако не успеаја да се договорат со тамошните власти околу инспекција на главните нуклеарни постројки и планот на работа на мисијата.
Американските медиуми јавија дека на инспекторите не им било дозволено да ја посетат воената база Парчин, каде што Иран наводно работи на производство на нуклеарно оружје.
Шефот на МААЕ, Јукија Амано, на интернет-страницата на организацијата напиша дека е разочаран од текот на преговорите.
Од друга страна, Иран им постави услови за извоз на нафта на европските земји, откако на почетокот на оваа недела им ја запре испораката на нафта на Велика Британија и на Франција. Иранските власти бараат гаранција за плаќањето, долгорочни договори и забрана за еднострано откажување од договорот на купувачите.
Подготвил: Игор Стојановски











