ФУКУШИМА: РАДИЈАЦИЈА НА 600 КИЛОМЕТРИ




Несреќата на нуклеарната централа „Фукушима 1“, која се случи на 11 март, по катастрофалниот земјотрес и цунамито во близина на јапонскиот брег, резултираше со ослободување на радиоактивни супстанции во природата.

Радијација е регистрирана на околу 650 километри од брегот на Јапонија, во водите на Пацификот – соопштија учесниците на научен собир во САД.

Во Тихиот Океан е откриена речиси 1000 пати повисока концентрација на радиоактивната супстанција цезиум-137, која е ослободена во атмосферата при оштетувањето на централата, но научниците тврдат дека тоа е пониско ниво од штетното.

Покрај другите радиоактивни супстанции, цезиум-137 предизвикува особена загриженост бидејќи долго се задржува во природата и може да предизвикува проблеми со стотици години.

Подготвил: Игор Стојановски
 
frontpage hit counter