ќ Телевизија Сонце

Вести од СП Јужна Африка 2010

Во полуфиналните натпревари од Светското првенство што се одржува во Јужна Африка се квалификувани три европски тимови, Германија, Холандија и Шпанија. Досега ниту една европска селекција не ја имала честа да ја освои титулата во првенство кое се одржува надвор од Стариот континент. Ваквата традиција трае 80 години уште од првото светско првенство во 1930 година. Единствената селекција од латинска Америка е селекцијата на Уругвај. Токму ова селекција може да ги згасне амбициите на европските селекции да стигнат до пехарот, но тоа е малку веројатно ако се има предвид фактот што и пласманот во полуфиналето е изненадувачки резултат.

Уругвајскиот напаѓач, Едисон Кавани верува дека ќе ја победат Холандија и ќе се пласираат во финалето на Светското првенство. "Можеме да бидеме најголрмо изненадување смета Кавани. "Најголемиот дел од фудбалерите играат во Серија А, Примера, Холандија, Португалија и Аргентинските лиги. Имаме искуство, квалитет и младост". Мислам дека натпреварот против Холандија ќе биде израмнет, но можеме да ги победиме". "Силата на Холандија е во нападот. Робен игра одлично. Но ние го имаме Форлан кој е фантастичен" - заврши Кавани.

Селекторот на Холандија, Берт ван Марвијк вели дека неговата цел е освојување на Светското првенство. Холандија е во полуфиналето, Лалињата речиси секогаш пленат со својата игра, постојано се во самиот врв, но никогаш го немаат освоено Светското првенство. "Сме го изоделе овој пат и друг пат, со други холандски тимови, но на крајот холандскиот народ бил разочаран" - вели Ван Марвијк. "Дуелот со Уругвај треба да го сфатиме многу сериозно бидејќи тешко е да се врати психолошкиот момент по победа против Бразил". "Уругвај е тим составен од борци. Затоа тие дојдоа до полуфиналето. Не смееме да ги потцениме, во спротивно ќе направиме голема грешка, а нашата цел е јасна, да бидеме шампиони - заврши Ван Марвијк.

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси застана во редот на фудбалерите кои не успеале да освојат титула на Светското првенство во годината по која ја добиле Златната топка. Признанието кое му се доделува на фудбалерот кој ја одбележал претходната сезона од 1956 година никогаш досега не им донело среќа на најдобрите. Се почна во 1957 година. Тогаш легендата на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано ја доби Златната топка, но шпанската репрезентација не успеа ниту да се пласира за Мундијалот во Шведска. Четири години подоцна Омар Сивори исто така беше прогласен за најдобар фудбалер според Франс фудбал, но неговата Италија не ја помина првата фаза од првенството во Чиле. Слична судбина подоцна доживеаја Еузебио, Џани Ривера, Јохан Кројф, Алан Симонсен, Румениге, Мишел Платини, Марко ван Бастен, Роберто Баџо, Роналдо, Мајкл Овен и Роналдињо. Сите очекуваа дека тоа проклетство ќе го собори Лионел Меси со оглед на тоа што Аргентина навистина имаше спектакуларен тим, но и тој не успеа.

Поразот од 4:0 во дуелот со Германија во 1/4-финалето од Светското првенство тешко му падна на селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Диего Марадона, кој размислува да поднесе оставка. "Со задоволство би заминал уште утре. Сепак, мора добро да размислам и да се консултирам со играчите и семејството. Знам само дека кој и да дојде по мене ќе мора да продолжи да форсира напаѓачки стил на игра" - кратко прокоментира Марадона, кој веднаш по завршувањето на мечот истакна “Моментално се чувствувам како да сум добил кроше од Мухамед Али“. Неколку илјади навивачи ја пречекаа фудбалската репрезентација на Аргентина која вчера вечер од Јужна Африка се врати во Буенос Аирес. Непосредно по излегување од авионот репрезентацијата беше сместена во автобус кој играчите и стручниот штаб ги одведе пред седиштето на фудбалскиот сојуз на Аргентина каде повеќе илјади навивачи ги дочекаа своите миленици. Со скандирања, Аргентина, Аргентина и Диего остани, најголемиот број од нив изразија желба Диего Марадона и натаму да остане на селекторската функција.

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Стивен Џерард стои на ставот дека мора да се воведат видео технологиите во фудбалот за да бидат избегнати слични грешки како онаа при голот на Лампард за време на мечот Германија - Англија. „Експериментот со судиите зад головите во Европа Лигата беше успешен. Не разбирам зошто овој систем не беше воведн и за време на Светското Првенство.“ „Доколку имаше таков судија зад германскиот гол, тогаш можеби Англија сеуште ќе се наоѓаше на Светското Првенство во Јужна Африка. Одлуката за непризнавање на голот на Френк Лампард беше шокантна.“- изјави Џерард.

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Шпанија Фернандо Торес не постигна ниту еден гол на досегашните пет одиграни натпревари на Светското Првенство во Јужна Африка и поради неефикасноста може да го изгуби местото во стартниот состав на националниот тим. Тоа го најави селекторот на Шпанија Висенте Дел Боске, кој пред натпреварот во полу-финалето со репрезентацијата на Германија на 7 јули во Дурбан, ја разгледува можноста наместо одличниот напаѓач на Ливерпул на теренот на излезе некој друг. - Торес е многу значаен играч во нашиот тим. Имаме голема доверба во него, но тоа не значи дека е незаменлив во стартните единаесет, изјави Дел Боске. Торес го постигна единствениот гол во финалето на Европското Првенство во 2008 година во Австрија и Швајцарија, кога Шпанија ја освои титулата со победа над Германија со 1:0.

Бразил беше елиминиран од Холандија во 1/4 финалето од Светскиот Куп, па веднаш по враќањето во татковината, Дунга е разрешен од позицијата селектор на најтрофејната нација. „По работниот циклус кој започна во 2006 година и кој заврши со елиминацијата во 1/4 финалето на Мундијалот во ЈА, Фудбалската Федерација на Бразил одлучи да го разреши селекторот. Името на новиот селектор ќе биде објавено до крајот на месец јули “ – стои во официјалното соопштение на федерацијата. За сега, Луис Фелипе Сколари и минатогодишниот тренер на Милан, Леонардо, се најсериозни претенденти за селекторската позиција во Бразил.

 
frontpage hit counter